Еве со какви жени би сакале мажите врска
Мажите за порталот AskMen.com, се обиделе да дадат одговор и да опишат со какви жени би сакале врска и кои особини би требало да ги красат.
Госпоѓица – слатка
Таа е секогаш позитивна, слатка, задоволна со животот и вистинско уживање е да се биде во нејзино друштво. Нема ниту малку зло во себе и секогаш е на располагање. Мажите ги обожуваат.
Госпоѓица – рамноправност
Таа е феминистка, но не ги мрази мажите. Напротив, ги сака и ги почитува и многу добро се сложува со нив. Паметна, забавна и отворена за многу нови искуства. Верува во партнерска рамноправност и не се однесува како слаба и незаштитена девојка.
Госпоѓица – секси
Таа ги сака мажите и го сака сексот. Не е промискуитетна и не го користи сексот како манипулација, туку едноставно ужива во него и тоа се гледа затоа што зрачи со сексапил. Жените баш и не ги сакаат, но затоа мажите губат глава по нив. Врската со нив е чисто уживање.
Најдобра пријателка
Таа е многу слична на госпоѓица – слатка. Грижлива е и секогаш е тука за својот партнер, многу разговараат за сè, имаат заеднички интереси. Тие се сигурно пристаниште за своите партнери и затоа мажите ги чуваат како вистинско богатство.
Директна
Тоа е жена која што знае што сака и не се плаши тоа јасно да го покаже. Силна е и нема проблем со тоа да преземе иницијатива и прва да го покани мажот да излезат. За нив се силни мажи кои знаат како да постапуваат со силни жени. Оние кои можат, имаат одлична партнерка и прекрасна врска.
Независна
Таа е силна, храбра, паметна и способна. Има организиран живот и не и треба маж за да ја направи среќна и да и го исполни слободното време. Таа е во вистинска смисла партнер, бидејќи не очајува по маж. Некои мажи се плашат од нив, но многу грешат, овие жени се речиси идеални.