Тип на љубовници според географската положба
Како помлади учевме кој народ по што е препознатлив, која е неговата местоположба на Земјината топка, како и неговите традиции. Но, училиштето заборави да не научи какви сè фраери живеат во земјите низ светот.
Ова се главните карактеристики на...
Босанци – Гласни, вешти љубовници и сакаат да испијат малку повеќе пред аферата. Сепак, успеваат да бидат романтични и духовити, па тоа ги вади во нивниот опис.
Црногорци – Најголем страв на секоја Балканска девојка. Како да се извлечеш, што да излажеш...
Хрвати – Какви и да се, кога девојката ќе го слушне нивниот специфичен говор, добива моментална желба да се дружи со него. Звучат премногу фино и културно, па можеби затоа се неодоливи.
Ирци – Помалку симпатични, но понадарени за разлика до Македонците.
Французи – Кога помалку би обрнувале внимание на нивното “oh cherie”, можеби ќе ни биде сеедно. Неспорно, згодни се, а за разлика од Италијанците се и помажествени.
Италијанци – Најдосадните мажи во светот. Не им е проблем да викаат колку си прекрасна на сред улица и да те однесат на десетто еспресо денес и покрај тоа што не се заинтересирани.
Шпанци – Како што веројатно сте слушнале, Шпанците имаат добри карактеристики. Добри момци, добри татковци и одлични пријатели. Сè уште никој не се пожалил ниту од сексот со Шпанец.
Данци, Швеѓани – Спротивно на мислењето дека овие плавуши се малку досадни, Скандинавците успеваат да бидат многу добри фраери. Високи, згодни, плави, ниту претерано ладни, ниту претерано топли... Златна средина!
Британци – Колку што може да бидат прекрасни, чисти, воспитани и шармантни, толку може да бидат и неписмени, навивачи, алкохоличари или уште полошо.
САД – Арогантни, напорни и звучат многу глупаво. Не се баш омилени помеѓу женската популација.
Израел – Убави луѓе, бидејќи се мешавина од различни краеви на светот. Сепак, напорни се речиси како Црногорците и поседуваат лигавост исто како педесет годишен Француз.