Зошто лажат фраерите, а зошто жените?

Најновите истражувања покажуваат дека дневно изговараме 2 до 3 лаги, а најмногу ги лажеме оние кои што ни значат и со кои поминуваме најмногу време.

zosto-lazat-fraerite-a-zosto-zenite

Зошто го правиме тоа?

Најмногу лаги има во љубовните врски, а најголемите се поради неверство и пари (каде и како сме ги потрошиле). Но, добрата вест е дека во повеќето случаи се изговараат таканаречените „бели лаги“ кои ги употребуваме за да не повредиме некого.

Тие нè штитат нас и личноста на која и се наменети, па ги сметаме за пристојни, како што е на пример, благодарам за подарокот кој со задоволство би го фрлиле кога ќе си отидат гостите.

Мажите и жените лажат подеднакво често, но постои разлика во содржината. Жените лажат за оној кого го лажат да се чувствува добро, а мажите за тие да се чувствуваат добро, со исклучоци се разбира, и за едната и за другата страна.

Каква и да е лагата, на сите облици едно им е заедничко, стравот од нешто. Немаат сите храброст да ризикуваат, или да бидат поинакви од повеќето, бидејќи тоа значи да се биде издвоен и неприфатен. Но, додека се тоа ситни лаги кои не ги изговараме со јасна намера да му наштетиме некому, можеме да кажеме дека тоа „поминува“

Но, кога лажењето ни преоѓа во хоби, минливото поминува во проблематично, затоа што цело време се лажеме себеси и веруваме дека сме добри, а на крајот самите се заплеткуваме во мрежата на сопствените лаги, најчесто кога е предоцна и кога сме ги повредиле луѓето околу нас.

Кога повеќе не можеме себеси да се погледнеме „во лице“, тогаш престануваме да лажеме.

Би можело да ве интересира:

„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Како да познаете маж кој е чувствителен (и e одличен партнер)? Мажите кои се чувствителни можеби на прв поглед не изгледаат така, но тие секога...
Луѓе откриваат: „Предупредувачки знаци кај бившиот што ги игнорирав“ „Неговите пријатели ми рекоа да се држам настрана од него. И, тоа требаше да ми ...
Порно актерот Џони Синс со совет за мажите кои се срамат од ќелавоста: „Која е мојата тајна?“ „Почнав да ја бричам главата на 23 години затоа што морав, а не затоа што ми се ...
Што го предизвикува болниот секс кај мажи и жени + како да ја намалите болката? Сексот може да биде болен и за мажите и за жените, а за тоа постојат повеќе прич...
Кои застарени однесувања на мажите ја убиваат желбата за секс кај партнерката? Мажот очекува жената да ги врши секојдневните обврски, да мие садови, да пере и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg