По каков секс копнеат и мажите и жените?
Женскиот портал "iVillage" ги објави резултатите од својата голема анкета за брачниот секс, некои податоци би можеле да ве изненадат.
1. Што нè „пали"
Жените најмногу ги возбудува „чувството на љубов“ кон нивниот партнер, потоа следи иницијативата на партнерот во креветот. Мажите од друга страна пак реагираат на визуелните облици, па најмногу ги возбудува жена облечена во секси долна облека.
2. Мажите се женат со своите најдобри сексуални партнерки
Дали сте се омажиле/ожениле поради најдобриот секс во животот? Дури 68% од мажите се врзале со жени со кои сексот им бил најдобар. Само 45% жени може да го кажат истото.
3. Бројот на партнери
На прашањето колку сексуални партнери имале, најчестиот одговор кај мажите е шест до десет (овој одговор го дале 25% мажи). Најчестиот женски одговор меѓу жените бил два до пет (31%). Сепак 19 проценти мажи и жени велат дека имале само еден сексуален партнер.
4. Мажите гледаат порнографија повеќе отколку што мислат жените
Иако 42 проценти жени мислат дека нивниот сопруг никогаш не гледа онлајн порнографија, само 21% мажи се согласуваат со тоа мислење. 63 проценти од жените изјавиле дека никогаш не гледаат порнографија.
5. Не знаеме што мисли нашиот партнер
Се чини дека често не знаеме што мисли нашиот партнер за сексуалниот живот. Иако 79% од мажите мислат дека нивните сопруги се задоволни со сексуалниот живот, само 61% од жените тоа го потврдиле. Од друга страна жените веруваат дека нивните мажи се задоволни со сексуалниот живот, а тоа го потврдиле 79% од мажите.
6. Сексот се влошува по доаѓањето на бебе
Бебињата се благослов, но не му помагаат на вашиот сексуален живот. 52 проценти жени и 49 проценти мажи рекле дека имале подобар секс пред да добијат деца.
7. Што сакаат мажите?
Најпопуларната машка желба е нивната партнерка почесто да иницира секс (42%). Посакуваат и повеќе орален секс (41%), а на трето место е аналниот секс (30%).
8. Што сакаат жените?
Што посакуваат жените во креветот? Предигра (35%), повеќе љубовна комуникација (32%), самиот секс да трае подолго (28%) и орален секс (22%).
9. Мажите повеќе изневеруваат и истовремено имаат помалку доверба
Мажите признаваат дека изневеруваат повеќе отколку жените (28% спрема 13 %), полесно отколку жените ќе изневерат ако постои голема шанса да не бидат откриени (32% спрема 13%). Истовремено, 34% мажи велат дека ги проверувале телефоните на своите сопруги барајќи докази за неверство, во споредба со 20% жени. А кога би можеле да ја изневерат жената, мажите повеќе би сакале да отидат во кревет со некоја славна личност или некоја пријателка на нивната жена. Жените би се одлучиле за стара љубов или познаник.