Од какви жени бегаат додворувачите
Многумина ќе се сложат дека првиот впечаток за некоја личност во голема мерка е основа за понатамошниот однос. Затоа е важно да се знае што се може да го наведе мажот да ја елиминира девојката по првиот состанок. Кои се 6-те работи кои се пресудни за мажите да ја повикаат девојката на втор, трет.... состанок.
На првиот состанок е важно девојката да биде уредна, чиста, допадлива, ни премногу зборлеста ни премногу молчелива, насмеана, дружељубива... да не заборавиме на маникирот... Барем така велат мажите.
Сето тоа се услови за мажот повторно да ја покани девојката на состанок, секако ако постои привлечност помеѓу парот.
Не ја интересира да ја плати сметката
Мажите ги одбива девојка која не се ни понудува да го плати пијалакот или вечерата. Дури и ако само се напијат едно кафе или ако поделат пакетче пуканки, тоа би требало да е нормален гест, без разлика на тоа што повеќето мажи не би прифатиле девојката да плати на првиот состанок. Каде уште пишува дека мажот не може да биде „шворц“ и каква е тоа девојка која не ја интересира сметката. Тогаш се поставува прашањето колку е таа себична и во другите аспекти на врската.
Досадна е
На мажите им е најважно девојката да има чувство за било каква авантура или истражување на непознато. Тоа не значи дека треба да одат да скокаат со падобран, но и зошто прво мора да отидат на кафе. Ако мажот забележи дека во ресторан девојката одбира исклучиво класични јадења, дека не го дели истото чувство за хумор или не е опуштена во друштво на мажот, тогаш тоа е лоша вечер и веројатно тој нема да ја покани повторно да излезат. Се поставува прашањето каква би била девојката во подолга врска ако на првиот состанок е така досадна.
Не води сметка за хигиената
Можеби ќе звучи чудно, но ако мажот почувствува дека девојката нема свеж здив, нема повеќе да се интересира за неа, дури и ако изгледа како Анџелина Џоли. Ако рацете не и се негувани, исто така. Тоа зборува за негата, уредноста и за чувството за хигиена.
Само јас, па јас...
Единствената работа која е полоша од жената која постојано молчи е жената која не затвора уста. Таквата жена воопшто не ја интересира мажот покрај неа, таа зборува само за себе, како да нејзината лична промоција е прашање на живот и смрт. Иако така мажот ќе дознае многу за неа, во еден момент ќе му биде единствено важно само како да избега од ресторанот во кој седат.
Невоспитана е
Ако жената со која за прв пат излегол е пушач и ако забележи дека пцуе или дека косата не и е уредна, мажот ќе смета дека таа не знае за елементарно воспитување и хигиена и тоа ќе и биде последното излегување со него. И да не се заборави – недозволиво е да има неуредни нокти (дали тоа воопшто и треба да се коментира).
Арогантна е
Најлоши девојки се оние кои колку и да забележуваат дека мажот се труди околу нив, ниту малку не сакаат да му помогнат, да му го подигнат моралот... Можеби тие веднаш забележале дека мажот со кој што излегле не им се допаѓа, но зошто да не дозволат да се развие разговор, да има малку смеа. Такви арогантни „дами“ никогаш не се добредојдени во машко друштво.
Момци....да додадете нешто?