Колку ќе трае вашата љубов?!
На почетокот од врската секогаш чувствуваме заљубеност, но дали заљубеноста ќе се претвори во љубов и колку ќе трае зависи од многу фактори.
Размислете за наведениве фактори, одговорете на прашањата и дознајте колкави ви се шансите.
1. Изглед
Физичкиот изглед ги привлекува луѓето и ги спојува на самиот почеток, но од тоа колку ве привлекува некој физички зависи и понатамошниот развој на врската. Загрижени сте за својот изглед? Мислите дека партнерот ќе ви биде помалку привлечен ако се здебели и ако се запостави?
2. Емоционална зрелост
Нивото на емоционалната зрелост се разликува индивидуално, некој го достигнува својот максимум веќе во дваесеттите и тоа треба да се препознае бидејќи личноста тешко се менува откако е веќе дефинирана. Како се однесува вашиот партнер кон родителите, братот, сестрата, пријателите, тоа се показатели на емотивна зрелост или незрелост.
3. Животни навики
Социјалните односи, заедничките интереси и хобија се работи кои може да ве поврзуваат, или пак да бидат пречка во врската, зависно од тоа дали делите заедничка страст кон нешто или пак не.
4. Финансиски одлуки
Ова често пати е проблем во многу врски. Начините на кои управувате со парите и на што сте подготвени да ги потрошите може да бидат причина за расправија во врската и многу се важни фактите за разликување на вистинска љубов од афера. Ако на ова поле се судрувате, тоа не е добра прогноза за иднината.
5. Животни вредности
Овој сегмент често пати е маргинализиран, но е важен фактор за развој на врската. Искреноста, чесноста, вербата, духовното, животните цели, грижата за другите, хуманоста.... Размислете дали добро го познавате вашиот партнер и дали делите заеднички животни вредности.
6. Брак, секс и деца
Не секој ја дели истата идеја за бракот и љубовта. Ако немате исти очекувања за ова исклучително важно подрачје, тогаш шансите за успех ви се мали. Прашањето за деца, брак и секс се на самиот врв од најважни претпоставки за долга и стабилна врска.
7. Животни интереси
Образованието, нивото на културата и општата заинтересираност или незаинтересираност за некои теми, интереси и цели во кариерата – сето тоа се фактори кои може да се поклопуваат или пак да се пречка и така да делуваат на развојот на врската.