Љубовни совети од пријателите кои треба да ги избегнувате
Колку пати сте слушнале празни совети од вашите најблиски? Постојат неколку универзални правила кога станува збор за љубовната врска, а едно од главните гласи - никогаш не ги мешајте пријателите во љубовта.
Врските често имаат тенденција да бидат комплицирани заради недоволната меѓусебна комуникација или пак заради отворените разговори со кој стигнете.
Никој никогаш не знае како точно се одвива вашата врска, па затоа следниве неколку совети никогаш не ги земајте здраво за готово.
Принцот на бел коњ не постои, задоволете се со она што го имате
Точно е дека не постои човек кој ќе биде совршен, но сигурно ќе најдете некој совршен за вас. Не ги слушајте советите од овој тип, бидејќи ако некој не ви одговара тоа е ваш проблем на кој треба самите вие да донесете соодветно решение. Третите личности само го комплицираат проблемот.
Никогаш не одете на состанок на кој сте биле поканети во последен момент
Доколку неодамна се запознавте со одлично момче, кое по извесно време ви се јавува и ви закажува состанок за 3 часа подоцна, нема зошто да не одите. Искористете ја шансата и размислувајте позитивно, а не како вашите пријатели кои има шанси да ве убедат дека поканата важи само затоа што немал ништо попаметно. Анализирањето во овој случај, не е потребно.
Не јадете премногу кога сте на состанок
Излеговте на вечера, гладни, а сепак не нарачувате обемен оброк само за да изгледате како пристојна дама. Тоа е погрешно, од старт практикувате нешто што всушност не е ваша карактеристика.
Правилото дека не смеете да му се јавите два дена
На почетокот на врската никој не сака да изгледа премногу загреан, до степен на здодевност. Но, јавувањето после 2 дена може да има сосема спротивен ефект од посакуваното. И покрај тоа што пријателите ви кажуваат дека ќе изгледате очајно, не го знаете мислењето на оној кој ви се допаѓа. А единствено ќе го дознаете ако се јавите и прашате.
Секс после третиот состанок
Правилото за сексот е дека всушност нема правила. Можете да си поставувате граници колку сакате, меѓутоа ако дојде до таков момент ќе заборавите на сè. Затоа, бидете слободни да ги споделите информациите со вашите пријатели, а не да се плашите од тоа дали ќе бидете осудени.
Ако првиот состанок помина просечно, нема потреба за втор
Грешка. Тоа што вие не се заљубивте на прв поглед, не значи дека треба да ја затворите можноста. Не се откажувајте во ниту еден случај и докажете си го на себе спротивното – колку повеќе шанси користите, толку поголеми се шансите за љубов.
Оставете впечаток на мистериозна девојка
И покрај тоа што вашите пријатели ќе ве советуваат да оставите простор да се заинтересира за вас пред да кажете нешто, игнорирајте ги. Однесувајте се како што ќе биде моментот. Ако нешто сакате да кажете – кажете го, ако за нешто мислите дека сè уште е рано – премолчете го.