Намалете ги кавгите во врската

Ставете крај на секојдневните ситни кавги со партнерот, кои ви се чини како да нема никогаш да престанат.

namalete-gi-kavgite-vo-vrskata-01

Не се навикнувајте на ситните несогласувања и конфликти, напротив, пронајдете начин како да ги избегнувате.

Добро познато е дека комуникацијата е онаа која што ја одржува стабилноста во врската, па затоа трудете се да вложувате во неа. Ова се неколку начини како тоа можете да го направите.

Најпрво сослушајте, па  потоа реагирајте. Слушањето е најважно, па затоа дозволете му на партнерот да се искаже, да се изјасни, без прекинување. Во афект може да се случи да кажете нешто што не сакате или пак не го мислите, само заради недоволните информации или непознавањето на ситуацијата.

Преспијте ја лутината. Обидете се да не преземате драстични мерки во екот на кавгата. Одморете, дадете си време да ги разбистрите мисли, па пото донесете заедничка одлука. 

Избегнувајте ги критиките и сарказмот. Ако нешто ви пречи, наместо да напаѓате, објаснете зошто сте повредени и лути. Почитувајте го партнерот и во ниту еден случај не му упатувајте навреди.

Бидете свесни кога треба да се извините. Немојте да се извинувате и тогаш кога не е ваша вина, но немојте ниту да се правите дека не знаете што сте направиле. Проценете самите што сте направиле, па согласно со постапката, извинете се на начин на кој мислите дека е најдостоен за вашата врска.

Поврзете се со допири. Кога ќе дојдете до ситуација од која не гледате излез, покажете ја вашата љубов. Не се штедете. Не заборавајте дека бакнежот или прегратката се одлична утеха, како и начин да покажете дека врската ја вреднувате многу повеќе од проблемот.

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Навики со кои несвесно си ја уништувате врската, низ илустрации Го критикувате партнерот за секоја ситница и си давате слобода да одлучувате за ...
Прашања кои треба да си ги поставите ако размислувате да ставите крај на врската или бракот Дали само се расправате или ги решавате проблемите? А, дали имате заедничка визи...
Низ илустрации: Како да ја одржите хармонијата во бракот, според адвокати за разводи? Никогаш не ги игнорирајте малите проблеми и секој ден поминувајте барем 20 минут...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg