7 знаци дека бившите се сеуште во игра
Најпосле сте нашле партнер/партнерка со кого уживате. Убаво ви е заедно, но од време на време ве гризе сомнежот.
И тоа не оној љубоморниот, туку неговиот брат близнак кој се сомнева дека вашиот партнер/партнерка не го преболеле бившиот/бившата.
Многу партнери во почетокот од врската се исклучително внимателни да не кажат нешто што би можело да го загрози нивниот убав однос. Една од Пандорините кутии која не смее да се отвора е онаа со налепница – бивши.
Ако таа од време на време ви се најде пред носот можеби има причина за аларм.
Седум знаци ќе ви откријат дали непотребно се сомневате, или пак вашиот партнер/партнерка не го преболеле бившиот/бившата.
1. Постојано го/ја споменува бившиот/бившата
Во овој случај некогаш било па се спомнувало баш не ви оди во прилог. Ова е очигледна причина дека некогашниот љубовен жар и понатаму тлее во позадина на неговата/нејзината глава или подобро речено, срце. Дури и ако се зборува негативно за бившите, јасно е дека не се надминати туку се сеуште свежи во сеќавањето.
2. Ве споредува
Споредбите општо не се состојка од врската која би можела да ја унапреди или да ја направи постабилна. Комплименти од типот дека имате насмевка како познат актер/актерка се добредојдена шега, но друго нема да помине. Споредувањето со бившите може да се толерира во првите 48 часа од врската, а потоа изминува тестот на толеранција на непожелните во врската.
3. Продолжува да се дружи со бившиот/бившата
Не сакате да бидете едни од оние кои се сомневаат во партнерот, па со стиснати заби да го одобрувате дружењето со бившите. Да, тоа тие се само пријатели, но овие пријатели би требало да бидат на сигурна далечина. Во близина би можело да се најдат евентуално на кафе по работа и тоа во ваше друштво.
4. Континуирано ја/го повикува
Телефонските разговори со некогашниот партнер сами по себе не се лоши, доколку не се премногу чести, бидејќи двајца бивши љубовници немаат за што да зборуваат секојдневно.
5. Случајно ве нарекува со неговото/нејзиното име
За ова не е потребно дополнително објаснување. Единствен услов под кој може да се правите дека не сте слушнале како ве нарекува е ако сте на почеток од врската и ако тоа се случи само еднаш.
6. Одите на места каде што тие оделе заедно
Ако постојано одите на исто место, на иста клупа во паркот или ресторан, а се прашувате зошто е тоа место толку важно. Ако ви одговорат дека тоа е затоа што таму оделе со бившите, не е време за паника, туку за аларм. Паниката доаѓа ако се одбива да се пронајде некое сосема ново, значајно, ваше место.
7. Им пречи ако бившите се во врска
Ако партнерот/партнерката се незадоволни, депримирани затоа што нивниот бивши има нова врска, па кажете им ја новата вест, и тие са во врска и тоа со вас. Новите врски на бившите не се нивна грижа.
Дали се пронајдовте во некоја точка?