5 работи кои не би требало да ги правите пред партнерот

5-raboti-koi-ne-bi-trebalo-da-gi-pravite-pred-partnerot-povekjeБез разлика на тоа дали парот е во брак десет години или е во врска неколку месеци, порано или подоцна ќе дојде до точка наречена „зона на комфор“.


Некои жени само престануваат да се дотеруваат, а други претеруваат дозволувајќи нивниот маж да види сè што се случува во нивниот секојдневен живот.

Иако секој пар може да ги одреди своите граници на приватност, едно е сигурно – постојат работи кои не би требало да се прават пред партнерот.

Ова е попис на ритуалите на кои животниот партнер треба минимално да го изложувате. Во секоја врска мора да постои некоја тајна.

Предлагаме ова да бидат вашите тајни:

Депилација

5-raboti-koi-ne-bi-trebalo-da-gi-pravite-pred-partnerot

Последната работа која вашиот партнер сака да ја види е сликата на неговата сакана како се депилира под пазуви, или на лицето. Чупањето на веѓите или бричењето на нозете не е така страшно, но депилацијата на надусниците и отстранувањето на влакна од носот не е секси! Освен ако вие и вашиот сакан не сакате се да биде „природно“, држете го овој хигиенски ритуал зад заклучена врата.

Одење во тоалет

Добро, некои парови немаат проблеми „тоа“ да го прават со отворена врата. Меѓутоа, тоа е ритуал кој никогаш не треба да се прави пред партнерот. Иако можеби сакате да го покажете своето вистинско „јас“, вратата на тоалетот е измислена со добра причина. Тоа е приватно место, затоа предлагаме да си земете списание, а не партнерот.

Истражување на мозолчиња

Природна е потребата да се залепиме на огледалото штом ќе забележиме некое мозолче. Меѓутоа, потполно непотребно е да се чисти лицето пред вашиот партнер. Многу мажи не се оптоварени со својата кожа како жените и нема да разберат зошто вашето мозолче на брадата ве прави нервозна. Би можел дури и да помисли дека вашата опсесија со кожата е малку чудна. Покрај тоа, ни вие не би сакале да видите како тој се ослободува од своите мозолчиња.

Мидери

Без разлика на тоа колку сте тенки, нема жена која понекогаш не облекува мидер. Едноставно некои фустани покажуваат малку повеќе, па мидерот е наједноставното решение. Тие чудесни мидери би требало да бидат добро чувана тајна помеѓу жените.

Зборување за килограмите и бившите...

Многу мажи тврдат дека баш овие две теми жените никогаш не смеат да ги започнат. Ако сте се здебелиле, зборувајте за тоа со пријателките или со тренерот на фитнес. А ако почувствувате потреба да зборувате за бившиот, излезете со пријателките. Се разбира дека постојат одредени околности во кои што морате за овие теми да зборувате и со вашиот сакан, но сведете го тоа на минимум.

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Предупредувачки знаци дека се соочувате со криза во бракот, низ илустрации Останувате заедно само поради децата и тешко ви е да се присетите на убавите мом...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg