Секс потези од порно филмовите што жените ги мразат, а мажите често им ги наметнуваат, според секс експерт (18+)
Удирање на клиторисот
Уште еден омилен потег украден од порно филмовите е удирањето на клиторисот кај жената со рака, со половиот орган, со прстите или со некој друг предмет.
Клиторисот има голем број нервни завршетоци и е мошне чувствителен, но удирањето нема никаква улога.
„Меко, влажно, бавно и повторливо“ е мантрата што мажите треба да си ја повторуваат ако сакаат ефективно да го стимулираат клиторисот на партнерката.
Удирање по лицето
Некои мажи веруваат дека силниот удар по лицето во вистински миг, може да ѝ помогне на жената брзо да доживее оргазам.
Тука нема да навлегуваме дека некои жени можеби уживаат во тоа, но повеќето жени не сакаат некој да им удира шамар по лицето, за време на интимниот чин или во секојдневниот живот.
Длабоко голтање
Во порно филмовите често може да се види како актерките ја ставаат целата должина на машкиот полов орган во грлото, но во реалноста голем број жени не можат да го направат тоа и сакаат сами да контролираат со која брзина ќе се одвива сексуалниот чин и длабочината на пенетрацијата.
Запомнете за овој секс потег треба време и тоа е вештина што треба да се научи. Кога ѝ се наметнува на партнерката, без нејзина согласност, сексуалното искуство се претвора во хорор приказна.
Анален секс
Постојат голем број парови што уживаат во ваков вид секс, сепак потребно е време за пенетрацијата да стане удобна за партнерката.
Дури и кога се навикнати на анален секс, голем број парови не го практикуваат длабокото, грубо пенетрирање, што често може да се види во порно филмовите.
Уште една мошне опасна работа е преминувањето од анална во вагинална пенетрација. На овој начин бактериите од анусот се пренесуваат во вагината и можете да ѝ предизвикате голем број здравствени проблеми на партерката.
Ејакулација по лицето и телото
Порно ѕвездите се преправаат дека уживаат во тоа кога партнерот им ејакулира по целото лице, а ако тоа ѝ го направите на партнерката без прашање, тогаш тоа е ужасно и навредливо.
Ниту една девојка не сака да има семена течност на очите и во косата.
Б. С. Б. | Црнобело