6 (лични) работи што никако не треба да ги споделите на интервју за работа, ако сакате да оставите добар впечаток

Бевте на интервју за работа и сè помина во најдобар ред. Очекувате повик, но за возврат добивате мејл со разочарувачка содржина дека не сте одбрани во потесниот круг. Дали можеби сте споделиле нешто (лично) што не треба?

6-raboti-shto-nikako-ne-treba-da-gi-spodelite-na-intervju-za-rabota-ako-sakate-da-ostavite-dobar-vpechatok-01.jpg

Некогаш вашите квалификации не се доволни за да ја добиете работата на којашто сте аплицирале.

Можеби едноставно сте дале непотребен коментар или лош одговор на зададено прашање.

Можам да издвојам неколку работи кои верувајте дека спаѓаат во најлошите работи кои можете да ги споделите на интервју за работа:

„Многу ми се допаѓа вашата работна позиција, камо да имам можност да бидам на вашето место!“

Не, тотално погрешен одговор, иако сигурно сметате дека е комплимент и само сакавте да бидете љубезни.

Верувајте, никој не би сакал да се почувствува загрозен од некој нов вработен.

„Не сум мажена и не планирам да раѓам деца. Вие дали сте во брачна заедница?“

Овој одговор е непотребен, а прашањето крајно дрско. Приватното останува приватно, па дури и да добиете лично прашање, сосема е нормално и природно да не го одговорите.

ne-pomisluvajte-da-gi-spodelite-ovie-raboti-na-intervju-za-rabota-01.jpg

„Ако не ја добијам работава, навистина не знам што ќе правам...“

Не се обидувајте да добиете работа на сентименталност или самосожалување. Борете се за позицијата со аргументи и покажете ги вашите квалификации.

Во спротивно, само ќе покажете дека сте очаен лик кој по секоја цена би работел што ќе се најде на патот. 

„Сум работела сè, и можам да се снајдам во сè!“

Ова е таканаречениот „меч со две острици”. Новиот работодавец може да добие слика дека се работи за некој кој е работохолик, па очекувајте да бидете товарени со работа.

Но, од друга страна, може да создадете површна слика дека работите само колку да сработите, без да испорачате квалитет. Ниедна фирма не вработува лице кое не поседува одредени вештини во кои е најдобар. 

ne-pomisluvajte-da-gi-spodelite-ovie-raboti-na-intervju-za-rabota-02.jpg

„За која позиција сум тука?“

Ова прашање е сосема погрешно. Вие знаете на каков оглас сте аплицирале и сигурно дека описот сте го прочитале. Во спротивно, од старт сте на погрешно место.

„Решив да сменам работа бидејќи претходниот шеф беше неподнослив...“

Ниедна компанија не сака да слуша жалби и поплаки за она што поминало. Оваа информација задржете ја за себе и секогаш дајте скромен, но позитивен одговор за вашето претходно искуство.

М. У. Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
10 знаци дека е подобро да си заминете од интервју за работа и да не ја прифатите позицијата, низ ил... Ви го коментираат изгледот, треба да вложите ваши пари пред да почнете со работа...
„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои...
Грешки на интервју за работа поради кои сигурно ќе ве одбијат Немате никакви познавања од технологија и не ги запишувате најважните работи што...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg