10 тајни за успехот на Ријана: Како стана најбогата пејачка во светот?

6. Таа знае како да ги искористи социјалните мрежи.

Ријана има над 72 милиони следбеници на Инстаграм и важи за една од највлијателните ѕвезди на социјалните мрежи. Воедно, таа знае точно како да ги искористи во сопствена полза.

Многу паметно ги употребува социјалните мрежи за да ѝ се доближи на публиката. Не се дистанцира од обожавателите, како што тоа вообичаено го прават мноштво други познати фаци. Луѓето ја обожаваат и поради смислата за хумор. 

Одговара дури и на коментари од хејтерите, свесна дека нејзината реакција веројатно ќе биде главна вест во медиумите. Нормално, дел од објавите ги посветува и за промоција на производите што ги продава.

10-tajni-za-uspehot-na-rijana-kako-stana-najbogata-pejachka-vo-svetot-7.jpg

7. Таа не ги дискриминира купувачите.

Еден од најдобрите начини да предвидите дали продуктот ќе доживее успех, претставува свесноста зошто луѓето би сакале да го купат. Кога пред две години ја издаде колекцијата за шминка, Ријана направи вистински бум.

Не ѝ беше намерата истата да биде уште една во низа на полиците по продавниците, туку создаде линија со инклузивни производи, фасцинирајќи многумина со можноста да се нанесат на речиси сите бои на кожата. Подлогите одговараа на жени со секаков тен.

Размислувајќи за линијата со долна облека, пејачката се водеше од истата помисла. Притоа и самата за себе истакна дека не е градена како манекенка на Victoria's Secret. Ѕвездата не ги дискриминира купувачите по ниту една основа.

10-tajni-za-uspehot-na-rijana-kako-stana-najbogata-pejachka-vo-svetot-8.jpg

8. Таа нуди производи со достапни цени.

Додека многу ѕвезди со нејзиниот статус се фокусираат на клиентела од повисоката класа, пејачката е свртена кон пошироката публика. Претходно ги споменавме договорите со луксузните брендови како Balmain и Armani, но таа лично сака да развива продукти и за луѓе кои не можат да си ги дозволат нивните колекции.

Од линијата за долна облека, на пример, повеќето парчиња се продаваат по цена под 100 долари. А, и онаа за шминка е исто така поволна и достапна, што дава одлични резултати за бизнисот на Ријана.

Според истражувањата на Slice Intelligence, вљубениците во Fenty Beauty трошат приближно 471 долар за купување козметика со потписот на Рири. Тоа е далеку повеќе во споредба со останатите популарни брендови, како што се Kat Von D и Kylie Jenner.

10-tajni-za-uspehot-na-rijana-kako-stana-najbogata-pejachka-vo-svetot-9.jpg

9. Таа се фокусира на само еден проект.

Пејачката е секогаш максимално сконцентрирана на она што го работи во моментот. За да го постигне зацртаното, никогаш не започнува повеќе проекти во исто време.

Последниот албум „Anti“ го издаде во 2016 година. Иако на нејзините обожаватели им недостасуваат нови хитови, па честопати ѝ вршат притисок на социјалните мрежи, се чини дека на неа воопшто не ѝ е гајле. Меѓутоа, отсуството на музички материјал не значи дека Ријана ја занемари пејачката кариера.

Таа е засега фокусирана на брендовите и ја вложува сета енергија во нив. И добро ѝ оди, со оглед на успесите што ги постигна со бизнисот. Во слободното време, пак, си дава оддишка патувајќи со или без машка придружба. 

10-tajni-za-uspehot-na-rijana-kako-stana-najbogata-pejachka-vo-svetot-10.jpg

10. Таа е дарежлива.

Од есенцијална важност во животот е шансата да возвратите за сите добра што сте ги примиле. Ријана многу добива, но и несебично им дава на другите. Дарежлива е и голем хуманитарец.

Во 2012 година ја основа фондацијата Clara Lionel, чијашто цел е глобално да го подобри квалитетот на живот на заедниците, во областа на здравјето, образованието, уметноста и културата.

Од 2016 година, пак, почна да доделува и целосни школарини на студенти од Барбадос, Бразил, Куба, Хаити, Гвајана, Јамајка и САД. Стипендиите се над 5,000 американски долари.

10-tajni-za-uspehot-na-rijana-kako-stana-najbogata-pejachka-vo-svetot-11.jpg

М. A. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Хотели, образование: Луѓе споделуваат (мрачни) тајни од своето работно место Вработен во хотел: „Јас работам во хотел и мора да ви признаам дека не ја перат ...
10 знаци дека е подобро да си заминете од интервју за работа и да не ја прифатите позицијата, низ ил... Ви го коментираат изгледот, треба да вложите ваши пари пред да почнете со работа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg