Потребни ви се само 20 минути за да почнете од почеток
Еве еден едноставен пример: аплицирате за ново работно место. Тоа е работното место за кое толку напорно работите постојано, позиција што чекавте да се отвори и работа за која знаете дека сте совршени.
Сигурни сте дека ќе бидете најдобри меѓу конкурентите и се опуштате бидејќи не постои нешто што може да ве убеди во спротивното.
Но, неколку дена по првото интервју добивате порака: „Ви благодариме за вашата апликација, но…“
Од тој момент имате 20 минути. Цели 20 минути да се чувствувате тажни и да се сожалувате самите себе, бидејќи тоа беше вашата шанса. Отворете го замрзнувачот, каснете малку сладолед, напијте се нешто газирано бидејќи сега имате изговор. Пуштете депресивна музика и оплакувајте ја пропуштената можност.
Но, не заборавајте да ја пуштите стоперицата да одбројува… 20 минути.
И… готово. 20 минути поминаа. Земете воздух затоа што е време да продолжите понатаму.
Загубите во животот ве дефинираат само во смисла на тоа каков израз на лицето ќе имате додека се справувате со катастрофата.
Никој не ужива во чувството на отфрленост, но не е реално да се мисли дека во животот се оди како подмачкано.
Имате право да жалите и да тагувате по своите загуби, но кога веќе го правите тоа, правете го продуктивно.
Како да ги искористите 20-те минути?
Повикајте пријател
Споделете што се случило. Отворено. Дозволете му да ви помогне - потребна ви е поддршка.
Анализирајте ја загубата
Што може да научите од ова искуство? Има ли нешто што може да се промени за следниот пат? Дали постои друг пристап кон нештото?
Запишете ги вашите чувства
Целата поента на овие 20 минути е добро да се процесира настанот. Целта е да им се овозможи на вашето тело и вашиот ум да ја пребродат тагата на здрав начин. Ако не сте вешти во зборување,, запишете низ што минувате.
По 20 минути...
Ова е моментот кога притискате „Delete“. Тоа е начин за физичко чистење на вашиот ум и просторот од негативна енергија.
Да, не успеавте, но можеби ако ја претопите деградацијата во продуктивност ќе ја обновите силата и следниот пат ќе биде поинаку.
Променете нешто
Ажурирајте ја својата биографија или пропратно писмо или веб-страница и направете некои промени. Дури и најмалите измени ќе ви помогнат да се чувствувате како да се подготвувате за следното големо нешто. Тоа е чекор напред.
Обновете контакти
Видете се со старите колеги и поразговарајте. Контактот со нив може да ви донесе неочекуван напредок.
А. Ш. | Црнобело