Светот е згрозен: Кинеска компанија ги натера работниците да лазат на улица под казна
Кинеските компании се познати по бруталноста – во 2016 работници јадеа живи црви, во 2017 добиваа шлаканици, а сега лазеа по улица под казна.
Сигурно и вам кожата ви се ежи кога шефот ќе свика еден од оние напорни и стресни состаноци кога предупредува дека не сте го постигнале таргетот, а компанијата не напредува доволно. Но, бидете среќни што не живеете во Кина.
Видео од работници од една кинеска компанија како лазат по улица како казна што не го постигнале таргетот се шири вирално и предизвика лавина од негативни реакции за бруталниот потег на компанијата.
Видеото, кое е снимено во градот Заожуанг, покажува жени како лазат на сите четири среде прометна улица, додека маж оди пред нив и мавта со знамето на компанијата. Компанијата била за продукти за убавина, а суровата казна била сопрена дури по интервенцијата на полицијата.
Достоинството на работниците е повредено и компанијата е привремено затворена, поради лавината од негативни реакции на социјалните мрежи.
Во Кина имало и други инциденти со сурови начини на казнување на работниците. Во една компанија минатата година работниците беа подредени во ред и добиваа шлаканици еден по еден. Наводно на овој начин се зајакнувал тимскиот дух.
Во 2016 имаше скандал дека во една кинеска компанија работниците морале да јадат живи црви како казна затоа што не го постигнале таргетот.
Како изгледа понижувачкото видео каде работниците лазат:
This Chinese company has a humiliating punishment for employees who fail to meet their targets. pic.twitter.com/cVod5xyXvI
-->— South China Morning Post (@SCMPNews) January 16, 2019
С. С. | Црнобело