Митови за работата од дома во кои е време да престанете да верувате

Пазарот на труд не стои во место и постојано се бараат нови работници, а во последно време, сè почесто се воведуваат модерни начини на работа.

mitovi-za-rabotata-od-doma-vo-koi-e-vreme-da-prestanete-da-veruvate-01.jpg

Традиционалното работење во канцеларија со работно време од 8-16 часот, многумина го заменуваат со работа од дома.

Зависно од професијата, работното место и компанијата, работата од дома има свои предности како за работниците, така и за работодавачите.

Но, иако станува многу популарен тренд, сепак постојат митови во кои многумина веруваат, а време е да ги заборават.

Иако постои разлика и не секое работење од дома е исто, сепак има неколку карактеристики кои се најчесто универзални.

Митови во кои треба да престанете да верувате:

Мит бр. 1: Тие што работат од дома не работат ништо и си лежат по цел ден

Иако не одат во канцеларија и можеби не мора да станат рано (зависно од работата), сепак и тие кои работат од дома, во одреден период од денот најчесто седнуваат на компјутер и работат активно неколку часа, исто како и оние кои се во канцеларија.

mitovi-za-rabotata-od-doma-vo-koi-e-vreme-da-prestanete-da-veruvate-02.jpg

Мир бр. 2: Работата од дома е идеална за оние кои имаат мали деца

Работата од дома исто така бара концентрација, добри перформанси и посветеност во времето во кое се работи.

Мајките кои работат дома, често пати имаат многу повеќе обврски, бидејќи околината ги доживува како домаќинки, а всушност и на нив им е потребно време само за работа, што е невозможно кога во домот имаат мало дете, па работата им е многу потешка.

mitovi-za-rabotata-od-doma-vo-koi-e-vreme-da-prestanete-da-veruvate-03.jpg

Мит бр. 3: Луѓето кои работат од дома земаат многу пари за нешто ситно што ќе сработат

Има многу различни работи и начини на плаќање, но најчесто оние кои работат од дома, за да стигнат до голема заработувачка, сепак мора да работат од 6-8 часа, па дури и повеќе во денот.

Иако многумина мислат дека тие работат по 1-2 часа од денот, а во другото време си седат на социјални мрежи и  преку ноќ стануваат милионери, тоа не е вистина, и потребно е многу труд и време за да се постигне успех.

mitovi-za-rabotata-od-doma-vo-koi-e-vreme-da-prestanete-da-veruvate-04.jpg

Мит бр. 4: Луѓето кои работат од дома си се сами свои газди

Работата од дома многу често е иста како онаа од канцеларија, со единствена разлика во местото на работа и работното време.

Оние кои работат од дома, исто така работат за некого и треба да ги задоволат клиентите или надредените, зависно од работата која ја имаат.

Тие имаат многу барања и услови кои треба да ги исполнуваат, како и надредени на кои треба да им приложуваат извештај.

Доколку пак, работат на повеќе проекти истовремено, тие имаат повеќе надредени, што не е воопшто лесно да се постигне разбирање со различни луѓе и задачи.

mitovi-za-rabotata-od-doma-vo-koi-e-vreme-da-prestanete-da-veruvate-05.jpg

Мит бр. 5: Само програмерите може да си најдат работа од дома

Иако можеби е полесно програмерите да најдат работа преку интернет, сепак има уште многу други професии кои може да се работат од дома:

  • Новинар, копирајтер, преведувач
  • Консултант
  • Професор, тренер
  • Психолог
  • Сè што е поврзано со графика и видео – дизајнер, аниматор, монтажер

mitovi-za-rabotata-od-doma-vo-koi-e-vreme-da-prestanete-da-veruvate-06.jpg

Мит бр. 6: Оние кои работат од дома се цел ден во пижами

Иако оние кои работат од дома најчесто можат да бидат облечени во што сакаат, сепак, има многу такви кои се трудат да се однесуваат како во канцеларија барем во часовите кога работат, а многу често имаат и видео состаноци, па мора да бидат пристојно облечени и средени.

mitovi-za-rabotata-od-doma-vo-koi-e-vreme-da-prestanete-da-veruvate-07.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
4 знаци дека работното место негативно ви влијае на менталното здравје, низ илустрации Во недела не можете да се одморите затоа што следниот ден е понеделник, од секој...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg