Тајни кои му помогнале на Стив Џобс полесно да ги постигне целите и да успее
Стив Џобс беше еден од најуспешните претприемачи, кој вложил многу труд, но на паметен начин за да постигне што посакува.
Основачот на Apple се користел со многу трикови и методи кои го однеле на патот кон успехот и богатството.
Па, веројатно доколку сите преземат дел од методите на Џобс и функционираат на сличен начин, можеби полесно ќе успеат во целите наместо да лутаат и да се мачат залудно.
Откриени се неколку тајни за начинот на размислување и функционирање на Стив Џобс кои може да ви помогнат и вие полесно да ги постигате целите:
Покажете емоции
Што и да работите и правите, пасијата кон тоа е многу важна, а Стив Џобс успешно се справувал со тоа. Тој верувал во сопствениот производ и ја пренесувал инспирацијата со целосна страст на останатите. Тој можел да зборува со часови со компании за рекламирање, пренесувајќи им ги идеите до детали, а тоа му помогнало сите реклами да бидат полни со емоции и компанијата да биде повеќе од само обична компанија за компјутери.
„Тој беше како опседнат кога зборуваше. по неколку секунди зборување, почнував да гледам во него наместо во компјутерот, бидејќи бев фасциниран од неговата пасија.“ – Винтон Марсалис, американски музичар
Кога носите одлука, бидете водени од брзината
Џобс не го одложувал носењето одлуки, посебно кога станувало збор за нови производи. Во големите бизниси, најчесто нема многу време за размислување, а тој тоа совршено го разбирал.
Тој го ценел времето и затоа почесто ја слушал интуицијата отколку информациите од маркетинг истражувања.
На пример, тој веднаш одлучил дека првите iМаc-ови ќе бидат пуштени во бои на виножитото и беа успешни. Секако, некогаш се случуваат грешки, но Џобс ризикувал и ги коригирал.
„На повеќето места, за оваа одлука би биле потребни месеци. Стив Џобс ја носеше за половина час.“ - Joni Ive, дизајнер во Apple
Бидете искрени наместо строги
На луѓето им се допаѓале идеите на Џобс бидејќи тој зборувал секогаш искрено. За да решите проблеми, мора да бидете реални, бидејќи во спротивно, тешко е да се разберете меѓусебно и да постигнете цел.
„Ако нешто е лошо, го кажувам во лице. Моја работа е да бидам искрен. Знам за што зборувал и обично сум во право. Креирав слична култура за комуникација во компанијата. Вулгарни сме еден со друг и секој може да ми каже нешто такво, но ќе вратам на ист начин.“ – Стив Џобс
Постигнете почит од другите преку работење
Успехот не доаѓа сам по себе и зад успешните приказни секогаш стои напорна работа. Стив работел многу и поминувал голем дел од денот во работа, а секогаш ги мотивирал другите да бидат креативни и да создаваат производи на кои ќе бидат горди, а кои другите ќе сакаат да ги купуваат. Тој набрзо се издигнал и добил почит од многумина за неговата работа.
„Потсетувањето на тоа дека ќе умрам наскоро, е одлична алатка која ми помогна да ги донесам сите важни одлуки во животот.“ – Стив Џобс
Давајте сè од себе за да ги завршите работите
За стив, не постоела недостижна цел. Тој бил многу одлучен и правел сè што е во негова моќ. Во повеќето случаи, ризикувал и се одлучувал на нешто на што никој не би се осудил.
Благодарение на неговата тврдоглавост и упорност, тој ја добил првата работа – на интервју рекол дека нема да си оди додека не го примат – и го примиле.
Кога било невозможно да дејствува активно, си давал простор и чекал вистински момент.
М. М. | Црнобело