11 строги правила што треба да ги почитуваат стјуардесите во „Emirates Airlines Dubai“
Девојка од Белорусија по 4 години работа во оваа компанија открива кои се негативните аспекти на професијата стјуардеса.
Даша од Белорусија 4 години работи како стјуардеса во авиокомпанијата „Emirates Airlines Dubai“.
Таа има и Инстаграм профил на кој отворено прикажува како изгледа животот со оваа професија.
Правила што треба да ги почитуваат стјуардесите во „Emirates Airlines Dubai“:
1. Имаме обврска да ја носиме шапката како дел од униформата секогаш и секаде и да ја извадиме кога и последната врата на авионот ќе се затвори. Мора да ја носиме дури и кога надвор има 50 Целзиусови степени.
2. Куферот, кој исто така го обезбедува авиокомпанијата, е задолжителен на патувањата без разлика дали одите на Сејшелите и сметате дека не ви е потребно ништо повеќе од едно бикини.
3. Откако ќе облечеме униформа не смееме да пушиме, да пиеме алкохол и да користиме погрдни зборови во разговорите, ниту да носиме некои други торби освен тие што ни се дел од униформата. Со кеси за шопинг нема да нè видите.
4. Ни даваат по еден бесплатен билет годишно за лет до дома и назад, а по неколку години работа може да одберете вие до која сакате дестинација.
5. Последната капка алкохол што ќе ја испиете треба да ви биде најмалку 12 часа пред летот. Има нула толеранција за ова и во секој миг може да ве испратат на тестирање.