Фрази кои може да ви го уништат односот со шефот и со што да ги замените

Независно колку и дали воопшто сте во близок однос со шефот на работа, постојат граници кои не смее да се преминат.

frazi-koi-mozhe-da-vi-go-unishtat-odnosot-so-shefot-i-so-shto-da-gi-zamenite-01.jpg

За да го добиете тоа што го сакате, а притоа да не си направите проблеми, треба да знаете како да пристапите на правилен начин.

Многу често се случува вработените да си го нарушат односот само заради погрешните фрази кои ги користат и може да предизвикаат бес од другата страна.

Во продолжение погледнете кои фрази може да ви го уништат односот и со кои да ги замените за да добиете што сакате:

„Сакам покачување на платата, имам трошоци, треба да ја реновирам куќата.“

Подобар начин: „Мојата продуктивност е зголемена за трипати во последните 6 месеци и сакам да побарам покачување.“

frazi-koi-mozhe-da-vi-go-unishtat-odnosot-so-shefot-i-so-shto-da-gi-zamenite-02.jpg

„Може ли да си одам порано денес? Секако нема работа и досадно е.“

Подобар начин: „Може ли да излезам денес малку порано од работа?“

Mногумина после оваа фраза имаат потреба да кажат оправдување, но не секогаш е потребно, доволно е да кажете дека имате обврски, а не да укажувате на досада и недостаток на работни задачи.

frazi-koi-mozhe-da-vi-go-unishtat-odnosot-so-shefot-i-so-shto-da-gi-zamenite-03.jpg

„Тој е крив за тоа!“

Подобар начин: „Во ред, во право сте, го пропуштив тој детаљ. Ќе бидам повнимателен/а, а сега ќе се обидеме да го решиме вака...“

frazi-koi-mozhe-da-vi-go-unishtat-odnosot-so-shefot-i-so-shto-da-gi-zamenite-04.jpg

„Не можам веќе, си одам!“

Ако после секое несогласување излегувате демонстративно и велите дека ќе си одите, не се чудете ако по неколку пати повторување, следниот пат кога ќе ја затворите вратата, никој не ве прими назад.

Подобар начин: „Мислам дека имаме различни мислења на оваа тема. Ајде да пробаме вака...“

frazi-koi-mozhe-da-vi-go-unishtat-odnosot-so-shefot-i-so-shto-da-gi-zamenite-05.jpg

„Не можам, зафатен сум“

Подобар начин: „Имам многу работа и со проектот кој ми го доделивте вчера. Која од овие задачи е поприоритетна за да ја завршам побрзо?“

frazi-koi-mozhe-da-vi-go-unishtat-odnosot-so-shefot-i-so-shto-da-gi-zamenite-06.jpg

„Како сакате, тоа не е мој проблем“

Подобар начин: „Можеби не сум експерт, но сметам дека е подобро да биде на овој начин...“

frazi-koi-mozhe-da-vi-go-unishtat-odnosot-so-shefot-i-so-shto-da-gi-zamenite-07.jpg

„Ама јас мислев...“

Подобар начин: „Изгледа дека не сме се разбрале. Ќе ја поправам грешката и ќе бидам повнимателен/а.“

frazi-koi-mozhe-da-vi-go-unishtat-odnosot-so-shefot-i-so-shto-da-gi-zamenite-8.jpg

M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои...
Грешки на интервју за работа поради кои сигурно ќе ве одбијат Немате никакви познавања од технологија и не ги запишувате најважните работи што...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
4 знаци дека работното место негативно ви влијае на менталното здравје, низ илустрации Во недела не можете да се одморите затоа што следниот ден е понеделник, од секој...
Српска компанија им даде неограничен број слободни денови на вработените - Добра идеја или промашува... „Веруваме дека добрите вработени создаваат задоволни клиенти, целта ни е да ги з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg