Исповед: Зошто за да се биде келнер/ка ви се потребни моќи на суперхерој?

Некои клиенти ќе ве сметаат за неписмени, а други ќе ви го меркаат и гласно ќе ви го коментираат телото.

zoshto-da-se-bide-kelner-potrebni-vi-se-mokji-na-superheroj-01.jpg

Велат дека не познавате некого додека не видите како се однесува со вработените во услужната дејност. Келнерите се справуваат со различни карактери секојдневно и со најчудни ситуации.

На интернет кружи писмо од келнерка со 10-годишно искуство во оваа професија, која открива зошто работата како келнер/ка ве прави суперхерој?

„Денот ви се состои од постојано кружење помеѓу масите и столиците носејќи тежок послужавник со кафиња, вина и пива трудејќи се да не ги превртите врз гостите. Нема ништо попредизвикувачко да избалансирате кога во едната рака имате послужавник на кој имате 5 чаши вино, а во другата неколку чинии со храна, додека пијани луѓе на масата мавтаат со рацете објаснувајќи си нешто, а нивните деца трчаат околу вас.

И ова не е само физички тешко, туку и нашите мозоци се тестирани, односно нивната сила и издржливост.

Потоа кога касата ќе откаже во најголемата гужва почнуваат да викаат по вас.

zoshto-da-se-bide-kelner-potrebni-vi-se-mokji-na-superheroj-04.jpg

Па, имате маса со средношколци кои половина час се договараат како да ја поделат сметката, а вие стоите до нив.

Неретко се случува да ви кажат нешто несоодветно, а вие треба да им се насмевнете. Секој ден зборувате со стотици луѓе и мора да имате беспрекорни социјални вештини.

Шефот мисли дека може да работите смена од 12 часа како што може новата девојка/момче кои имаат половина од вашите години.

zoshto-da-se-bide-kelner-potrebni-vi-se-mokji-na-superheroj-02.jpg

Исто така, не смеете да се разболите. Прво, затоа што нема да земете дневница за тој ден, а второ затоа што вашите колеги, поради недостиг на персонал за замена, ќе имаат толку многу работа што кога ќе се вратите од боледување ќе ве гледаат попреку цела седмица. Како резултат на тоа ќе работите и кога сте настинати и кога ви е свиткан глуждот.

Освен, ако не сте „мртви“, нема да пропуштате смена.

Потоа ќе наидете на родители кои не се грижат дека нивните деца врескаат и прават неред, на луѓе кои ќе го коментираат и зјапаат вашето тело, клиенти кои ќе сакаат да си ги кажат проблемите и очекуваат да им бидете психолог, клиенти кои ви се обраќаат како да сте неписмени, клиенти кои не го почитуваат работното време, ќе работите доцна и ќе станувате рано и постојано ќе чувствувате болка во грбот и стапалата.

И покрај сè работите како келнер/ка? Па, вие сте суперхерој!“

zoshto-da-se-bide-kelner-potrebni-vi-se-mokji-na-superheroj-03.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...
Хотели, образование: Луѓе споделуваат (мрачни) тајни од своето работно место Вработен во хотел: „Јас работам во хотел и мора да ви признаам дека не ја перат ...
„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
10 знаци дека е подобро да си заминете од интервју за работа и да не ја прифатите позицијата, низ ил... Ви го коментираат изгледот, треба да вложите ваши пари пред да почнете со работа...
Грешки на интервју за работа поради кои сигурно ќе ве одбијат Немате никакви познавања од технологија и не ги запишувате најважните работи што...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg