Како Ријана заработи богатство од 245 милиони долари?

Таа е една од ѕвездите која најдобро знае како да заработи многу пари од разни извори.

kako-rijana-zaraboti-bogatstvo-od-245-milioni-dolari-01.jpg

Ријана има само 30 години и богатство проценето на 245 милиони долари. Таа е една од најпродаваните музички ѕвезди на сите времиња со 60 милиони продадени албуми.

Дигиталното симнување на нејзините песни, светските турнеи и дополнителните бизниси ја прават Ријана брилијантна кога е заработувачката во прашање.

Трикови од Ријана за зголемување на приходите:

Приходите нека ви доаѓаат од разни страни

Ријана не се ограничува на заработувачка само од музиката.

Таа има соработка со многу познати модни брендови како дизајнер и како нивно заштитно лице. На пример најмногу приходи досега имала од спортскиот бренд Puma, чија продажба ја зголемила за 16% во рок од 6 месеци откако почнала да дизајнира за нив.

Исто така, има и некои филмски улоги.

kako-rijana-zaraboti-bogatstvo-od-245-milioni-dolari-02.jpg

Сè за секого

Од козметика до парфеми и долна облека, Ријана е сестрана. Еден од нејзините најдоходовни бизнизи и е линијата за шминка Fenty Beauty. Наводно заработила 100 милиони долари од продажбата за само 40 дена.

Таа оди на карта дека работите што ги продуцира за сите и така добива на популарност.

Иста е и ситуацијата со нејзината колекција на долна облека Savage x Fenty, која не е наменета само за жени со тело на супер модели, тука за жени во сите форми и големини.

kako-rijana-zaraboti-bogatstvo-od-245-milioni-dolari-04.jpg

Борба за пари

Таа сака да го добие тоа што го заслужува и внимава со кој соработува затоа што проблеми со поранешен соработник за финансии наводно ја довеле речиси до банкрот во 2009 година.

Ријана поднесува и тужби до компании или приватни лица ако чувствува дека кој било на каков било начин ја загрозил. Во еден судски процес доби дури 10 милиони отштета.

kako-rijana-zaraboti-bogatstvo-od-245-milioni-dolari-03.jpg

Финансиските загуби ги претвора во победи

Ријана загубила околу 2 милиони долари кога продала еден имот по цена значително помала од онаа за која го купила.

Имотот имал оштетувања од вода. Но, овој инцидент не ја спречил да продолжи да инвестира во недвижнини.

kako-rijana-zaraboti-bogatstvo-od-245-milioni-dolari-05.jpg

Не ги чува сите пари за себе

Постојано дава пари во добротворни цели и инвестира за развој на здравствената заштита, едукацијата и уметноста во целиот свет.

Сака глобално да влијае на подобрување на условите за живот на луѓето низ целиот свет.

kako-rijana-zaraboti-bogatstvo-od-245-milioni-dolari-06.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Хотели, образование: Луѓе споделуваат (мрачни) тајни од своето работно место Вработен во хотел: „Јас работам во хотел и мора да ви признаам дека не ја перат ...
„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои...
10 знаци дека е подобро да си заминете од интервју за работа и да не ја прифатите позицијата, низ ил... Ви го коментираат изгледот, треба да вложите ваши пари пред да почнете со работа...
Бон-тон правила за пишување мејл со кои ќе делувате професионално Проверувајте ја пораката за печатни грешки и немојте да користите мејл со шегови...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg