Роботите доаѓаат на сцена: Кои работни места ќе ги заземат по 20 години?

Шијачки, шанкери, продавачи, банкарски работници... Тука роботите ќе стапат на сцена!

robotite-doagjaat-na-scena-koi-rabotni-mesta-kje-gi-zazemat-po-20-godini-01.jpg

Живееме во свет кога технологијата се развива со брзина на светлината. Како вчера да излегоа првите мобилни телефони, а погледнете денес колку опции имаат и колку низа други гаџети постојат.

Технологијата навистина ни го олеснува животот, но ве плаши ли малку помислата дека таа во иднина може да не замени речиси во сè?

Во наредните 20-30 години некои професии може да исчезнат:

Професори

Наместо предавање лице в лице, денес едукацијата сè повеќе се сведува на нови методи преку интернет.

Учите на далечина со индивидуализиран процес соодветен за вашето ниво преку разни онлајн платформи.

robotite-doagjaat-na-scena-koi-rabotni-mesta-kje-gi-zazemat-po-20-godini-07.jpg

Шивачки

Функцијата „автопилот“ е совршена за замена на шивачките, такси возачите, работниците на полиграф, рударите...

Исто така, и поштарите ќе исчезнат за сметка на електронската комуникација.

robotite-doagjaat-na-scena-koi-rabotni-mesta-kje-gi-zazemat-po-20-godini-05.jpg

Шанкери

Шанкери, хостеси во ресторани и хотели, тренери во фитнес центри, се дел од професиите што може да ги извршуваат роботи.

Ќе се намалува и бројот на туристички водичи затоа што онлајн резервирањето и патување во сопствена режија испаѓа поевтино.

robotite-doagjaat-na-scena-koi-rabotni-mesta-kje-gi-zazemat-po-20-godini-06.jpg

Трговија и маркетинг

Чекање редици пред касата додека касиерката пресметува колку треба да ви врати кусур и ги става производите во ќесе ќе стане минато.

Во иднина со автоматски каси во продавниците бројот на вработени во маркетите драматично ќе се намали.

robotite-doagjaat-na-scena-koi-rabotni-mesta-kje-gi-zazemat-po-20-godini-04.jpg

Финансиска сфера

Банкарските работници ќе бидат заменети со моќни апликации, разбирливи за корисниците.

Развојниот план за вашиот пензиски фонд лесно ќе можете да го направите преку интернет.

robotite-doagjaat-na-scena-koi-rabotni-mesta-kje-gi-zazemat-po-20-godini-03.jpg

Медиуми

Бројот на новинари во медиумите ќе се намали. Во Associated Press  веќе се користи робот за пишување на вести.

robotite-doagjaat-na-scena-koi-rabotni-mesta-kje-gi-zazemat-po-20-godini-02.jpg

Сепак не очајувајте, професионалци ќе се бараат насекаде. Робот може ќе напише некоја автоматска приказна од среден ранг, но за нешто моќно доловено на вистински начин сепак ќе биде потребен новинар.

Со технологијата може да се заменат само рутинските работи, кои ни одземаат време и напор и тоа време ќе можеме да го искористиме да се посветиме на навистина важните и комплексни задачи.

Се разбира, судејќи по развојот на технологијата, IT секторот е најдобриот избор за образование на вашите деца. Роботика, биоинженеринг, пронаоѓање на нови енергетски извори се сфери што ќе цутат во иднина.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
Српска компанија им даде неограничен број слободни денови на вработените - Добра идеја или промашува... „Веруваме дека добрите вработени создаваат задоволни клиенти, целта ни е да ги з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg