Зошто средовечните жени ќе владеат со светот?
Ако сте средовечна жена и го читате ова, тогаш знаете дека животот е како возење на ролеркостер со предизвици на секое ниво и пречки на секоја висина.
Но, факт е дека како стареете така сè подобро ја совладувате уметноста на живеењето.
Магазинот People неодамна ја прогласи актерката Џулија Робертс за најубава жена на светот на 49 години. Па, очигледно е дека правилата се менуваат.
Авторот Joseph F. Coughlin вели дека иднината е светла затоа што средовечните жени ќе го користат сиот свој потенцијал за да го извадат максимумот од животот, многу повеќе од мажите.
Иднината ќе биде обликувана и редефинирана од жените, а по 40-тите и 50-тите години од својот живот тие ќе процветаат комплетно и ќе сервираат одлични идеи на пазарот.
Погледнете ја само германската канцеларка Ангела Меркел која на 63 години има многу помоќно присуство во политиката од поголемиот дел од нејзините машки колеги.
По природа, жените се надарени за мултитаскинг и затоа полесно се справуваат со предизвиците што животот им ги приредува.
Мерил Стрип на 68 години е една од најсјајните холивудски ѕвезди.
Жените се емоционално посозреани од мажите и по природа се емпатични, па воспоставуваат поквалитетни врски со другите.
Тереса Меј (61) е премиер на Велика Британија во период кога државата се сочува со огромни предизвици, но таа одлично се носи со тоа.
Не е погрешно да кажеме дека жените знаат како да направат баланс и да менаџираат со времето посветено на домот и работата.
Според една неодамнешна анкета на маркетинг агенцијата SuperHuman, дури 67% од жените преку 40-тата откриле дека се чувствуваат многу посамоуверени сега отколку пред една деценија, а многу од нив кажале и дека се поамбициозни.
Средовечните жени обожаваат предизвици затоа што тие им носат лична сатисфакција, имаат голема желба да истражуваат и се чувствуваат оптимистични за иднината.
И во Македонија постојат низа вакви инспиративни жени, но нема да споменеме ниту една за да не ни се налути некоја ако ја испуштиме.
Се согласувате ли дека средовечните жени навистина владеат и ќе владеат со светот?
С. С. | Црнобело