Како да остварите бизнис врски што ќе траат?

Сигурно сте чуле милион пати досега дека: „Напредувањето во кариерата се врти околу тоа кого знаете и околу тоа што знаете“.

kako da ostvarite biznis vrski shto kje traat 01

Токму затоа градењето на квалитетни, долготрајни бизнис врски е есенцијално на долги патеки.

Работата не е во собирање на што повеќе бизнис картички, туку во воспоставување на вистинска врска со луѓето кои ги среќавате така што тие ќе ве запомнат и ќе бидат мотивирани да останат во контакт со вас, дури и кога вашата соработка е готова. За да успеете во ова потребно е да оставите впечаток што трае.

Нормално нема да бидете во можност инстантно да станете најдобри пријатели со сите професионалци со кои соработувате, но задолжително е барем да ги надминете основите и да бидете запомнети.

Практикувајте ги овие совети за да бидете чекор поблиску до квалитетни бизнис врски:

Бидете тоа што сте

Треба да се релаксирате и да бидете тоа што сте. Сигурно сте допадлива, интересна личност која има многу што да каже – само прашајте ги вашите пријатели. Така наместо да влегувате во разговори во кои се борите да ги пронајдете вистинските зборови или се грижите дека нема да бидете доволно забавни, претворајте се дека водите разговор со вашите пријатели за време на вечерата и бидете тоа што сте.

Може ќе ви звучи смешно, но за да се чувствувате комфорно со себеси потребно е секогаш да носите облека која ќе направи да се чувствувате одлично. На тој начин ќе бидете многу порелаксирани, отколку да носите нешто во кое не ви е удобно, само затоа што социјалните норми така наложуваат.

Бидете отворени

Не плашете се да се отворите пред луѓето со кои седите. Многу луѓе ставаат строго бизнис лице кога се во работна атмосфера. Иако е неопходно да останете професионални, споделувањето некои лични информации за себе секогаш е одличен начин за воспоставите подлабоки, долготрајни врски.

Треба да разберете дека во моментот кога му откривате нешто лично на другиот за себе, му ја давате можноста и тој да го стори истото. Преземете го ризикот да бидете ранливи така ќе привлечете многу повеќе луѓе кон себеси отколку со ставена маска.

kako da ostvarite biznis vrski shto kje traat 02

Бидете заинтересирани

Иако е добро да споделувате лични информации за себе, сепак не правете разговорот да се врти само околу вас. Луѓето сакаат да зборуваат за себе и своите животи. Ако сте срамежливи поставувајте прашања за другите луѓе да се отворат први.

Надминете ги основите како: „Како ти се допаѓа работењето во твоја сегашна компанија?“ или „Што те мотивираше за да работиш на ова поле?“

Иако тие се одлични за започнување на разговор, нема да направат луѓето да ве запомнат. Наместо тоа поставувајте прашања кои ќе го обезоружаат вашиот соговорник. Ако не сакате да бидете директни тогаш барем побарајте совет од соработникот со кого разговарате.

Бидете дарежливи

Добар начин за да воспоставите врска што ќе трае е да помогнете каде можете. Понудете совет или дадете контакт, луѓето секогаш ќе бидат воодушевени. Таквите индивидуи многу поверојатно ќе останат во контакт со вас бидејќи знаат дека можете да бидете добра поддршка.

Без разлика дали можете да помогнете малку или многу, ако постои начин да помогнете сторете го тоа. Изградете добра бизнис карма со дарежливост и тоа ќе ви се врати кога вам ќе ви треба помош.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Хотели, образование: Луѓе споделуваат (мрачни) тајни од своето работно место Вработен во хотел: „Јас работам во хотел и мора да ви признаам дека не ја перат ...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
Како Илон Маск открива кога некој лажел во CV – Кое прашање ги издава неискрените? Не дипломата и образованието, туку одговорот на едно прашање е клучен за тоа Ило...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg