Како да се справите со луѓето кои не ве сакаат на работното место?

Ретки се оние кои го живеат својот сон на работното место и згора на тоа имаат супер колеги со кои одлично се сложуваат. За поголемиот дел работата претставува извор на несреќа и фрустрација, а колегите прилично многу придонесуваат во тој дел.

kako-da-se-spravite-so-lugjeto-koi-ne-ve-sakaat-na-rabotnoto-mesto-02.jpg

Колегите едноставно не ве сакаат. Никако не можете да најдете заеднички јазик со нив ниту за работа, ниту за активностите кои се одвиваат надвор од работното место.

Па што треба да знаете за луѓето кои не ве сакаат на работа?

Прифатете дека не може сите да ве сакаат

Да бидеме реални – не може сите да ве сакаат на работа и не може сите да ги сакате на работното место. Доколку сте од оние кои се супер пријатели со сите и постојано им се обраќате со маче, срце и душо, многу веројатно е дека нешто не е во ред со вас.

Или со тие кои ги препознавте во горенаведениот опис. Нормално, реално и човечки е да не се поднесувате со некого и обратно.

Контролирајте го темпераментот

Понекогаш ви доаѓа да вреснете, да треснете и да почнете да урлате поради колегите кои повеќе од очигледно е дека не ве мирисаат и постојано ви коваат заговори. Едноставно не им го давајте тоа задоволство.

Контролирајте го темпераментот и емоциите. Се хранат од вашата нервоза и солзи, а ги убива вашата насмевка и среќа.

Не си ги земајте работите при срце

Има луѓе кои со денови ќе се нервираат за тоа што го рекол одреден колега за нив. Ќе го размислуваат, ќе го анализираат од секој агол, ќе се будат и заспиваат со таа мисла. А има и такви кои од едното уво им влегува, а од другото им излегува.

Не е лесно, но обидете се да бидете како овие од втората група. Не си ги земјате толку работите при срце, животот е краток и невреден за вакви нервоза, а работата не е прво ниту најбитно нешто.

kako-da-se-spravite-so-lugjeto-koi-ne-ve-sakaat-na-rabotnoto-mesto-2_copy.jpg

Бирајте ги битките

Вие веројатно можете да се расправате секој ден со колегите кои не ве сакаат бидејќи имате доволно добри и легитимни причини за кавга. Но, бирајте ги битките паметно. Не трошете енергија на глупави „рекла-казала“ муабети.

Кога веќе ќе решите директно да се конфронтирате со нив гледајте тоа да биде со добра причина која ќе ви направи разлика во кариерата и внимавајте да имате добри аргументи.

Паметниот попушта

Не попусто се рекло дека паметниот попушта. Дали сметате дека таа и таа кавга ќе ве направи подобар, посреќен, посмирен човек? Доколку одговорот е НЕ и сметате дека кавгата нема да направи никаква разлика во односот со колегите, не почнувајте ја.

Бидете поголемиот човек и само потсетете се дека – паметниот секогаш попушта.

Обидете се смирено да ги изразите своите чувства

Понекогаш ситуациите ескалираат и излегуваат надвор од контрола и просто станува крајно неподносливо да се биде покрај одредени луѓе на работа. Обидете се да седнете со нив и да комуницирате на пристоен и цивилизиран начин.

Пробајте да им објасните дека професионалноста е најважна и работата треба да биде пред сé останато. Впрочем, не сте дојдени на работа да се сакате или да се мразите, туку да работите и да заработите плата.

Фокусирајте се на работата

Тоа што колегите не ве сакаат или се обидуваат да ве саботираат нека ви биде уште поголем поттик за работа и успех. Доколку потклекнете на нивната омраза верувајте дека успехот на работното место ќе изостане и дополнително ќе страдате.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
4 знаци дека работното место негативно ви влијае на менталното здравје, низ илустрации Во недела не можете да се одморите затоа што следниот ден е понеделник, од секој...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
10 знаци дека е подобро да си заминете од интервју за работа и да не ја прифатите позицијата, низ ил... Ви го коментираат изгледот, треба да вложите ваши пари пред да почнете со работа...
„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg