Условите за успех сами ги создавате, не се наследени

Законот на ентропија кажува дека сè се стреми да премине од состојба на висок ред во висок неред. Па, знаејќи го законот според кој функционира целата природа, која мислите дека е веројатноста дека општеството во кое растете е правилната, оптимална средина во која треба да ги развивате вашите таленти?

uslovite-za-uspeh-sami-gi-sozdavate-ne-se-nasledeni-1

Ја имате потребната комбинација на талент, способности и заинтересираност што се важни за полето во кое сакате да успеете. Но, во исто време живеете во поголемо општество и култура кои не се дизајнирани во склад на вашите способности. Општеството кога се создавало и развивало не ги имало на ум токму вашите желби.

Речиси е невозможно, освен ако по некоја веројатност не се родите во кралското семејство, дека животот ќе ви ја даде на тацна животната ситуација што перфектно одговара на вашите способности и во која ќе можете да се развивате и да бидете успешни. Од сите веројатни сценарија во кои можете да бидете родени, многу е поверојатно дека ќе се родите во такво сценарио во кое не можете да ги развивате вашите таленти до оптимум.

Во биологијата постои еден термин што се користи за да се објасни ситуација во која еден организам не е во склад со состојбата со која се соочува. А во животот ние имаме многу вакви термини како риба на суво и слично. Всушност, многу често ќе бидете искушувани да се откажете од вашите соништа, а сето тоа е поради тоа што сте во ситуација во која е многу тешко да успеете и да бидете корисни за општеството.

Животот ретко ќе ви ги дава оптималните услови да успеете, можеби не сте пораснале во оптималната култура што одговара на вашите интереси, можеби ќе се запишете на погрешен факултет или непотребно ќе потрошите многу време на спорт кој не ви одговара, а можеби сте родени во погрешно време на погрешно место.

Но, не треба да навлегуваме во физичкиот жаргон за да го разбереме законот на ентропија.

Ентропијата произлегува од законите на природата дека нередот секогаш се зголемува. Единствен начин како да го спречиме ова е ако работиме силно на тоа.

Затоа во животот постојат успешни луѓе и губитници. Ако го оставиме животот да оди по природниот тек, за кратко време работите можат да станат вистински хаос. Вашите услови ќе бидат поволни единствено ако работите на нив. Најтешкиот дел ќе биде да пронајдете ментален фокус и да ги игнорирате дистракциите кои се маскирани во можности.

Тешкотиите во животот не се случуваат затоа што планетите или ѕвездите не се на ваша страна или поради тоа што некоја космичка сила прави заговор против вас. Тоа е едноставно начинот на кој функционира законот на ентропија.

Никој не е виновен за тоа дека во животот ќе се соочиме со многу проблеми. Тоа е само игра на веројатноста. Има повеќе состојби на неред отколку на ред. Но, со оглед на веројатностите против нас, тоа што е неверојатно прекрасно е дека да, животот ни носи проблеми но ние сме способни да ги решиме сите.

Човечкиот род просперира со векови назад и сме успеале да решиме многу проблеми што на почеток се изгледале нерешливи. Сè што треба да направиме е самите да си ги создадеме оптималните услови во кои најмногу ќе успееме.

Не гледајте во туѓиот двор, не губете време размислувајќи зошто некој има повеќе или помалку од вас, туку фокусирајте се на самите вас и пронајдете го вашето место во светот. Оптималните услови се дизајнирани, не се наследени.

А. В. | Црнобело

 

Би можело да ве интересира:

Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
Како Илон Маск открива кога некој лажел во CV – Кое прашање ги издава неискрените? Не дипломата и образованието, туку одговорот на едно прашање е клучен за тоа Ило...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg