Изрази кои самоуверените личности не ги употребуваат
Започнувајќи од начинот на облекување, накитот, па сè до фразите кои ги употребуваме, како и говорот на телото - сите овие работи покажуваат колкаво е нашето ниво на самодоверба.
Според психологот Џоел Гарфинкел, начинот на кој се изразувате има огромно влијание врз тоа како ве перцепира околината. Токму затоа, тој советува да исфрлите неколку зборови од вашиот секојдневен речник.
„Доколку често ги употребувате изразите „Амм!?“, „Ух!“, „Аааа“ - сето тоа индицира на фактот дека вие не сте сигурни како да ја продолжите реченицата“ - објаснува Гарфинкел. Според него, исто така, пожелно би било да ги исфрлите и зборовите од типот на „понекогаш“ и „често“, особено кога ги употребувате во професионална конотација.
Овие зборови му оставаат впечаток на слушателот дека не сте сигурни во она што го зборувате.
За крај, можеме да заклучиме дека она што излегува од нашата уста, не само што зборува за она што се обидуваме да го пренесеме, туку ги прикажува и нашите манири, нашата личност и домашното воспитување.
Па, доколку сакате да се прикажете како самоуверена и претставителна личност, вежбајте на своите вештини за изразување.
С. У. | Црнобело