4 совети од мама кои се покажале одлични за кариерата

Преку глава ви е од работата? Вашата мајка сигурно ви кажала дека ќе има вакви денови. Дека ништо не доаѓа лесно или подарено во животот. Или веројатно како помали неколку пати сте ја слушнале како вели дека „Мама знае сé“.

4-soveti-od-mama-koi-se-pokazale-odlicni-za-karierata-01.jpg

Во тоа време сигурно превртувавте со очите и се молевте ваквите совети и разговори да завршат побрзо. Но, денеска сфаќате дека сепак, мама знаела многу работи.

Еве кои 4 мамини совети се покажале одлични и ви помогнале на работното место и во кариерата:

Трпам до одредена граница

Мама точно знае кога е доста и ѝ доаѓа преку глава од сé. Тогаш зема мала пауза, време за себе. Тоа понекогаш трае кратко, но доволно за да си направи рифреш на мозокот. Или куса дремка за да си ги наполни батериите.

Па, го следам нејзиниот совет. Кога се преминува границата, велам – доста е. Трпам до одредена граница. Не читам службени мејлови за време на викендот, се обидувам секогаш да ја искористам паузата на работа. Научив да кажам НЕ кога барањата се невозможни или роковите нереални.

Не вреди да се изгуби здравјето за работата. Секој треба да знае до каде му е границата на толеранција и да не дозволи да изгуби контрола.

Имам очи и на тилот

Мислевте дека одамна ја надминавте оваа фаза, кога одеднаш во канцеларијата се материјализира личност која очигледно ги има истите способности како вашата мајка во детството – точно знае што и како се случува.

Како да се справите? Седнето и разговарајте цивилизирано и човечки. Договорете одреден ден за консултации и проверки со цел да се види како напредува работата.

Покажете зрелост и одговорност и заслужете ја довербата, за да не завршите со 8-часовен „пазач“ на работното  место кој ќе ве следи насекаде.

Парите не растат на дрво

Бројката на оваа изговорена реченица од страна на мама е веројатно двофицрена. Па и троцифрена. Но, сега кога веќе сте во работен однос, конечно ѝ го сфаќате значењето.

Парите не доаѓаат лесно. Многу полесно се трошат туѓи пари, отколку свои. Колку и да е убаво чувството понекогаш да се однесуваш безгрижно и да се расфрлаш со нив, секогаш треба да имаш нешто заштедено за „црни денови“.

Некој ден ќе ми бидеш благодарен за ова

За колку работи се покажало ова веродостојно? За облекувањето кога надвор дува, за советите за момчиња и девојки, за штедењето, советите во врска со работата? Или веројатно за сé.

За сé сме ти благодарни мамо, бидејќи најголем дел од советите се покажале мудри и точни.


Кога работата ви доаѓа преку глава и неизбежно почнувате да се споредувате со другите, како ним им е толку полесно, не заборавајте никогаш на големата слика.

Не заборавајте дека стекнувате искуство. Не заборавајте дека го збогатувате вашето CV. Не заборавајте колку многу работи научивте од вашиот „пазач“ на работа, како воспоставивте коректен професионален однос. И никогаш не заборавајте како ја стекнавте вашата работна навика и навиката да штедите пари.

И за сето ова, секогаш бидете им благодарни на своите мајки со бескрајна љубов и трпение за своите деца.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
4 знаци дека работното место негативно ви влијае на менталното здравје, низ илустрации Во недела не можете да се одморите затоа што следниот ден е понеделник, од секој...
Грешки на интервју за работа поради кои сигурно ќе ве одбијат Немате никакви познавања од технологија и не ги запишувате најважните работи што...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg