Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Три работи што ви се неопходни за ефикасно и ефективно работење

Многу е важно да имате пријатна и мотивирачка работна средина. Независно каде и какво е вашето работно место, има работи што треба постојано да ги бидат околку вас кои што истовремено ќе ве инспирираат и ќе ви бидат извор на позитивна енергија.

tri-raboti-koi-vi-se-neophodni-za-efikasno-i-efektivno-rabotenje-01.png

Еве три начини како вашето работно време да го направите забавно и да останете среќни и мотивирани додека работите.

1. Фотографии од вашите најмили. Несомнено ова е една од најважните работи да ги имате при себе во било кое време. Фотографии од вашите деца, вашите родители, партнерот или пријателите секогаш се инспирација и мотивација за она што го правите или работите. Вашите најмили секогаш ќе ве потсетуваат дека има некој што ве сака и се грижи за вас, на ист начин на којшто вие тоа го правите за нив.

2. CD или MP3 со омилените песни. Музиката отсекогаш била извор на позитивна енергија со која се подигнува расположението и креативно се размислува. Омилените песни симболизираат среќа и радост, а тоа и те како ви е потребно, посебно кога имате тежок и немотивирачки период во денот. Неколку минути  слушање музика може да ви помогнат да го пронајдете она што ви недостига за да ве инспирира, за потоа полесно да продолжите со справување на работните обврски.

3. 100% природен сок. Витамините се важен и витален дел за здраво тело и ведар ум. Помагаат и ја зголемуваат концентрацијата, како и ја подигнуваат енергијата. Она кое треба и мора да си го дозволите на вашиот организам е внесување на витамини и јаглехидрати што ќе ви овозможат нова енергија при извршување на работните обврски. Cамо една чаша од природниот Вива 100% сок од портокал задоволува 25% од препорачаното дневно внесување на витамин Ц во вашето тело.

Оваа листа на предлози е проверено ефикасна и секогаш наоѓа примена во брзото и енергично модерно време на работење. Без една од овие работи, можеби и ќе можете да работите, но за да го постигнете ефектот што го посакувате, најдобро би било сите три да ги имате со вас преку целото работно време.

Би можело да ве интересира:

„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои...
6 тајни за вашата работа, кои шефот не сака да ги знаете (а треба) Надредените знаат многу за вашата онлајн активност на компјутерот на работа, има...
Хотели, образование: Луѓе споделуваат (мрачни) тајни од своето работно место Вработен во хотел: „Јас работам во хотел и мора да ви признаам дека не ја перат ...
Бон-тон правила за пишување мејл со кои ќе делувате професионално Проверувајте ја пораката за печатни грешки и немојте да користите мејл со шегови...
5 типа на луѓе што најчесто може да бидат жртви на булинг на работното место (и зошто?) Луѓето што се жртви на булинг на работното место најчесто се врвни професионалци...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg