3 знаци дека работите со нечесен колега
Довербата е една од главните причини за успех во тимот, но што ако имате сомнежи во вашиот колега?
Прочитајте ги овие 3 знаци и проверете дали во иднина можете да им верувате на вашите соработници.
1. Ги презема сите заслуги за заеднички изработените проекти
Сите сме се сретнале со човек кој ги презема заслугите за изработеното, а при тоа и вие сте учествувале. Ако се случило еднаш, може да се прости. Но, ако постојано го повторува истото тогаш подобро би било да ја прекинете соработката со вашиот колега.
2. Не е тимски играч
Желбата за истакнување во фирмата ја има во секој работник и тоа е добро. Но, важно е во градењето на кариерата да останете тимски играч. Ако вашиот колега не сака да работи во тим и сака да работи само за себе тогаш има некаков проблем.
3. Често го затекнуваат во лага
Лагата ја нарушува довербата помеѓу колегите. На некои искреноста на работното место им е од големо значење, додека некои воопшто не се грижат и ако постојано лажат. Ако лагата му е особина на вашиот колега, тогаш сомнежите за него се потврдуваат.
С. М. | Црнобело