Зошто треба да станувате еден час порано?
Дали сакате да бидете попродуктивни и да изгледате подобро секој ден? Ако одговорот на ова прашање е позитивен, тогаш сè што треба да правите е да станувате еден час порано.
Веројатно сте го слушнале ова и претходно, а и бројни истражувања овој го потврдуваат овој факт.
Ако станувате порано ќе имате повеќе енергија, ќе бидете подобро расположени и ќе развиете навики за продуктивно работење.
Зошто треба да станувате еден час порано?
1. Ќе бидете ментално подготвени
Нема да се брзате за на работа, туку ќе имате можност бавно да се подготвите и да се расоните целосно без големи нивоа на стрес. Ќе можете полесно да раководите со вашето време и умот ќе ви биде посмирен,
2. Ќе изгледате подобро
Ќе имате доволно време за да се подготвите и да изгледате одлично. Не само што ќе изгледате подобро, туку и ќе се чувствувате подобро и ќе бидете посамоуверени.
3. Ќе можете полесно да се фокусирате на работата.
Мирното утро без брзање, ќе ви даде време да се подготвите, да го испиете првото утринско кафе и потоа полесно да работите без да имате проблеми да се концентрирате на работните обврски.
Н. Г. | Црнобело