Последна шанса за пријава за E/MBA стипендии!

Рокот за пријавување за стипендии на меѓународно акредитираните MBA програми на COTRUGLI Business School е до 15 септември. Искористете ја последната шанса да освоите една од 10-те престижни стипендии на водечката школа во Европа!

posledna-sansa-za-prijava-na-emba-stipendii-01.JPG

За на поголем број кандидати од Македонија да им биде овозможена врвна едукација, COTRUGLI Business School овозможува 12 стипендии за MBA програми.

Оваа едукативна школа има центри во Загреб и Белград, во Љубљана и Софија, а бројот на менаџери од целиот регион кои ги слушале едукациските програми на оваа школа изнесува преку 11 илјади.

Се доделуваат 5 стипендии за Executive MBA програмата, која е наменета за top и middle менаџери, како и 5 стипендии за MBA програмата наменета за junior менаџери.

Во секоја категорија се работи за стипендии во вредност од 50% од вкупната школарина.

Услови за пријава за стипендија

MBA програма:

  • Минимално 3-годишно работно искуство
  • Завршен факултет
  • Знаење на англиски јазик

Executive MBA програма:

  • Минимално 5-годишно работно искуство
  • Завршен факултет
  • Знаење на англиски јазик

Пријавата можете да ја направите овде, заклучно со 15.09 на полноќ.

Совети од досегашни стипендисти:

„Со гордост можам да изјавам дека сум еден од многуте примери кај кои COTRUGLI Executive MBA програмата имаше прекрасно влијание врз развојот на кариерата. Запишав Executive MBA уште додека работев како водител за продажба во одделот за промовирање на мали и средни претпријатија Societe Generale Group. Мојата кариера во македонското банкарство беше во постојан раст, што предизвика глад за поголемо знаење, посебно она кое се протега надвор од банкарското работење. Намерата ми беше да ги спојам своите знаења и професионално искуство со теоретска позадина, а тоа ми го понуди COTRUGLI Business School со своите еминентни предавачи,“ изјави Тони Масевски, директор на компанијата Future Energy Skopje.

„Стипендискиот процес на COTRUGLI Business School отсекогаш ми беше интересен и предизвикувачки,“ вели Ана Хајнал, директор на финансии во Roche, која освои Executive MBA стипендија.

„Морам да признаам дека собирав храброст за пријавување, затоа што не бев сигурна дека го можам тоа. По освојувањето на стипендијата знам дека можам, а можете и вие!“

Би можело да ве интересира:

Грешки на интервју за работа поради кои сигурно ќе ве одбијат Немате никакви познавања од технологија и не ги запишувате најважните работи што...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
4 знаци дека работното место негативно ви влијае на менталното здравје, низ илустрации Во недела не можете да се одморите затоа што следниот ден е понеделник, од секој...
Бон-тон правила за пишување мејл со кои ќе делувате професионално Проверувајте ја пораката за печатни грешки и немојте да користите мејл со шегови...
„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои...
10 знаци дека е подобро да си заминете од интервју за работа и да не ја прифатите позицијата, низ ил... Ви го коментираат изгледот, треба да вложите ваши пари пред да почнете со работа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg