5 едноставни начини на кои можете да си ја покачите платата уште денес
Кога се работи за покачување на платата, на многумина им е непријатно, па дури и страв отворено да зборуваат.
Иако сте свесни дека ја заслужувате, а вашиот шеф упорно не забележува, потребно е да го потсетите што правите за компанијата во која работите.
Овие навидум едноставни совети може да ви помогнат уште денес:
1. Одржувајте редовен контакт со шефот
Разберете дека е зафатен, но обидете се барем еднаш во месецот да одите со него на кафе или колективни собири за да го запознаете подобро.
2. Сумирајте што сте направиле оваа седмица
На крајот од секоја работна недела, напишете меил кој ќе ги содржи вашите неделни активности и испратете му ги. Можеби нема да одговори, но верувајте, ќе разбере дека имате цел.
3. Дружете се со колегите
Тоа што некој ви е колега, не значи дека не може да ви биде и пријател. Кога правите пауза, искористете ја за кратка дружба. Така ќе стекнете нов пријател, а попатно и ќе откриете нови информации кои до тогаш не сте ги знаеле, а може да ви се од помош.
4. Бидете позитивни
Личноста која постојано се жали од работната позиција, никогаш нема да успее. Затоа, погрижете се да гледате од различни страни. Бидете позитивни и привлекувајте такви мисли.
5. Барајте го она што го сакате
Можеби ви делува очигледно и неизводливо, но вашиот шеф мора да забележи дека барате покачување. Најдобар начин да започнете разговор за тоа е да ги исполните претходните 4 услови, па тогаш да седнете на маса со отворени карти.
Кажете дека сте подготвени за поголеми одговорности и поголема присутност на работното место, па покачувањето ќе биде задолжително по 2-3 месеци.