Како да се издвоите од колегите на работа?

Платата не треба да ви биде единствената мотивација за работа. Доколку го работите тоа што го сакате бидете среќни и трудете се да ја задржите работата. Покачувањето ќе дојде.

kako-da-se-izdvoite-od-kolegite-na-rabota-01

Но, за да добиете покачување, треба да се издвоите од толпата која му се умилкува на шефот и да работите повеќе отколку што ви е платено, во некои ситации.

Започнете со совршено CV. Нема ништо помоќно од CV што ги истакнува вашите способности и самомотивација.

Во него наведете ги сите ваши способности и погрижете се да се точни информациите околу работното искуство. Доколку го немате, бидете искрени. Тоа ќе ви оди во полза. Наместо да лажете, искажете желба за учење и истакнете го фактот дека брзо учите.

Истото важи и за мотивационо писмо. Пишувајте го врз основа на вашето CV, зачинете го со дополнителни способности кои ги немате наведено во него, и направете тоа да се издвојува од мотивационото писмо на вашите колеги.

Доколку веќе сте вработени, покажете интерес кон работата.

Многу луѓе иако поседуваат потенцијал и капацитет, се плашат да го истакнат. Имаат многу идеи кои се издвојуваат од идеите на другите, а најчесто таквите не успеваат да се реализираат. Зошто? Затоа што постојано се плашат од неприфаќање и неуспех. Погрижете се да не бидете дел од оваа група.

Покажете го вашиот вистински интерес и вашите идеи. Така сите ќе видат дека вие сте навистина подготвени да соработувате и се интересирате за иднината на вашата фирма.

kako-da-se-izdvoite-od-kolegite-na-rabota-02

Во разговор со шефот, поставете некое од овие прашања:

- Како можам да помогнам за понатамошен прогрес на фирмата?

- Кои се нашите најслаби и најпрофитабилни страни? Како можеме да ги елиминираме најслабите, а како да ги зголемиме профитабилните?

- Може ли да дадам моја идеа и мислење?

- Како се гледате, како фирма, наредната година ? Што сакате да постигнете дополнително?

Покажете интерес за животот на шефот

Не е неопходно, секогаш кога случајно ќе се сретнете во лифтот со вашиот шеф да зборувате за времето. Започнете разговор за неговата омилена телевизиска серија или филм, туристичка дестинација, неговото хоби или семејство. Не бидете нападни. Покажете дека сте интересна личност која не е преокупирана само со работата. Никако не флертувајте.

6 месеци до покачување на платата

Пропоционално со вашиот успех, треба да расте и вашата плата. 6 месеци е совршен период, доволен за да ја придобиете довербата на сите и да покажете што знаете. Ако работите со професионалци, тогаш ќе го добиете вашето покачување на платата. Во спротивно, напуштете ја работата.

Би можело да ве интересира:

Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...
„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
Бон-тон правила за пишување мејл со кои ќе делувате професионално Проверувајте ја пораката за печатни грешки и немојте да користите мејл со шегови...
4 знаци дека работното место негативно ви влијае на менталното здравје, низ илустрации Во недела не можете да се одморите затоа што следниот ден е понеделник, од секој...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg