Премногу работа може да ви ја уништи кариерата
Дали знаете дека унапредувањето на работното место е начин со кој фирмата сака да ви каже: „Веруваме во вашиот потенцијал и вредноста како работник, се надеваме дека ќе го остварите својот полн потенцијал и ќе допринесете за подобрување на компанијата“.
Но, пред да го добиете унапредувањето и повисоката плата, потребно е да се случат неколку работи:
1. Мора да ја знаете својата вредност и како можете да допринесете во фирмата.
2. Мора да бидете самоуверени и да ги знаете своите можности и како ќе успеете да го завршите својот дел од работата.
3. Мора да изградите свој круг на пријатели и соработници, како и луѓе кои позитивно влијаат на вас.
4. Додека ги правите претходните три работи, мора да им испратите на шефовите суптилна порака дека нема веќе да бидете тука ако не ви надоместат на соодветен начин за целиот труд и работа.
Исто така, мора да обрнете внимание да не работите премногу и да живеете на работа. Тоа е дефинитивно најлошиот совет кој некој може да ви го даде за напредување на работното место.
Премногу работа може да има контра ефект
Прекумерната работа нема никаков ефект во унапредувањето, дури може и да ви ги намали шансите за истото. Ако немате доволно самодоверба и не знаете што заслужувате, може и цел ден да останете на работа и никој тоа нема да го забележи.
Оние кои напредуваат во кариерата и добиваат бонуси не работат и ден и ноќ. Наместо тоа, тие имаат и свој разработен систем. Тие учат како функционира компанијата и го шират кругот на познанства и пријателства со клучните луѓе во фирмата. Создаваат слика за тоа дека тие ѝ се потребни на компанијата.
Покажете дека сте вредни, но не гинете за работата
Ако сте вреден и лојален работник, а сепак се чувствувате заробено и под притисок на работното место, вашиот менаџмент нема да биде импресиониран што се преморувате од работа. Тие дури и ќе се загрижат.
Повеќе им станувате обврска отколку предност, бидејќи со тоа покажувате дека не можете да го постигнете своето темпо на работа и не давате пример за личност на која може да ѝ се доверат дополнителни нови и понапредни одговорности.
Престанете да мислите дека е потребно да се чувствувате преморено за да бидете унапредени, така никогаш нема да добиете унапредување.
Добро проценете што вреди за вашиот труд
Кога ќе добиете порив да работите многу и по цели ноќи, застанете и размислете за својата работа и за тоа колку сето тоа вреди и ќе биде ценето. Запрашајте се што ќе добите ако го направите тоа и што ќе се случи ако не се потрудите толку многу.
Одбирајте ги приоритетите, бидејќи само така во фирмата ќе забележат дека се трудите за важните работи. Понекогаш мора да се потрудите за да постигнете сè, да останете подоцна, да одговарате на меилови и да немате слободен викенд. Но, внимателно одбирајте кога и за што ќе го правите тоа.
Најважно е да знаете да ги одредите приоритетите, да имате самодоверба и тоа да го покажете, ако сакате да напредувате во кариерата. Максималното вложување, прекумерна работа и неодредените приоритети може само да ви ја уништат кариерата.