Брзо опуштање после работа

Потрудете се да одвоите пет минути и испробајте вежби кои ви ги препорачуваме за да ја отфрлите напнатоста. Минути за опуштање со „раики“ допири и три минути медитација.

brzo-opustanje-posle-rabota-01

Тајната за брзо опуштање и ослободување од напнатоста која тлеела во вас цел ден, заради проблемите на работа или гужвата во сообраќајот, се крие во посебни, кратки и лесни вежби за концентрација.

Кога ќе се вратите од работа потрудете се да одвоите барем 5 минути мир само за себе и испробајте ги следните вежби:

1. Минути за исфрлање на напнатоста

Заземете седечка позиција, исправете го грбот и вратот, рацете подигнете ги во висина на рамената, максимално истегнете ги па изведете некои лесни движења како да сте птица која се подготвува да полета. Додека ги подигнувате „крилјата“ вдишувајте, а додека ги спуштате издишувајте. Овие вежби правете ги цела минута, па спуштете ги рацете на колковите и направете неколку кругови со карлицата.

2. Минута за опуштање со „раики“ допир

Едноставна древна источна дисциплина на исцелување со допир. Седнете на столче, опуштете го телото, длабоко вдишете и избројте до еден, па издишете. Повторно вдишете, овој пат избројте двапати и лесно испуштете го целиот воздух од белите дробови. Повторувајте додека не изброите до пет пред да го издишете воздухот, па дланките поставете ги зад вратот и останете во таа положба неколку секунди, трудејќи се да ги исфрлите сите мисли од себе.

brzo-opustanje-posle-rabota-1

3.Три минути медитирајте

Седете на подот прекрстени нозе и раце поставени на колена. На метар од себе поставете свеќа така што ќе биде на висина на вашите очи. За момент фиксирајте го погледот во нејзиниот пламен, па затворете ги очите и обидете се да го визуелизирате тој поглед. Кога ќе исчезне сликата која сте ја замислиле, отворете ги очите и повторете ја вежбата.

Би можело да ве интересира:

8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
10 знаци дека е подобро да си заминете од интервју за работа и да не ја прифатите позицијата, низ ил... Ви го коментираат изгледот, треба да вложите ваши пари пред да почнете со работа...
„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
Бон-тон правила за пишување мејл со кои ќе делувате професионално Проверувајте ја пораката за печатни грешки и немојте да користите мејл со шегови...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg