10 знаци дека е подобро да си заминете од интервју за работа и да не ја прифатите позицијата, низ илустрации
Ви го коментираат изгледот, треба да вложите ваши пари пред да почнете со работа и на интервју ви поставуваат премногу лични прашања за брак, семејство, здравствена состојба…
Кога барате работа, не треба само вие да им се допаднете на луѓето кои ве интервјуираат.
Туку, и вам треба да ви се допадне целата атмосфера и нивниот однос бидејќи, сепак, таму ќе минувате голем дел од вашето време.
Па, ако нешто не ви се допаѓа на интервјуто за работа и знаете дека нешто не е во ред, најдобро не ја прифаќајте позицијата.
Исто така, внимавајте и на следниве предупредувачки знаци:
Не можете вие да одредите кога ќе земате слободни денови
Земањето слободни денови е нешто што треба да се дискутира уште пред да ја прифатите работата.
Ако на интервјуто ви кажат дека надредените ќе ви ги одредуваат слободните денови, тоа дефинитивно не е добар знак.
Треба да вложите ваши пари пред да почнете
Освен ако не отворате сопствен бизнис, вие никогаш не треба да давате ваши пари за да почнете со работа.
Штом ви кажат нешто такво, најверојатно станува збор за измама и можно е воопшто да не си ги добиете парите назад.
Ве тераат да лажете
Ако, на пример, сте на интервју во продавница за облека и ви речат дека некогаш ќе треба да ги лажете купувачите, имајте на ум дека тоа веројатно ќе се случува често.
Па, добро размислете дали имате исти морални вредности со потенцијалните надредени.
Ви даваат безброј насоки како да се однесувате на интервјуто
Штом некој од фирмата треба да ве подготви да се соочите со оној којшто ќе ве интервјуира, тоа значи дека станува збор за непријатна личност која во иднина може да ви предизвикува проблеми.
Ако ви даваат совети како „не го гледајте во очи“, нема да ви биде најдобро да работите за таква личност.
Ви го коментираат изгледот
Освен ако не сте на аудиција за улога или нешто поврзано со мода и убавина, вашиот изглед не е воопшто релевантен.
Па, ако личноста што ве интервјуира ви даде забелешка за изгледот, па и само комплимент, тоа дефинитивно не е добар знак.