Како да се справите со љубомората кон колегите на работа?
Побарајте повратни информации од другите во вашиот тим
Ако вашата љубомора потекнува од желбата да напредувате и да постигнете и вие одреден успех, тогаш побарајте помош и совети од колегите или, пак, од претпоставените.
Нека ви дадат насоки во кои области треба да се подобрите и активно работете на вештините за да го постигнете посакуваниот успех.
Бидете дел од тимот
Бидете дел од тимот, имајте ја предвид важноста на тимската работа и соработката со вашите колеги.
Со тоа што ќе се радувате на туѓиот успех и ќе го прославите заедно, ќе создадете средина каде што достигнувањата на сите ќе бидат вреднувани и ќе го водат тимот напред кон нови успеси.
Како да се зближите со вашите колеги?
Со тоа што ќе бидете во хармонија со луѓето со кои работите, може да имате многу придобивки, како на работното место, така и надвор од него.
Кога ќе комуницирате добро со вашите колеги, тогаш ќе одите на работа посреќни и ќе се чувствувате помотивирани да го започнете денот.
Така, нема да имате голем стрес, ќе ја подобрите севкупната благосостојба и психолошкото здравје, но и ќе имате поголеми шанси за раст и успех.
За да изградите добар однос со вашите колеги, од особена важност е да покажете одредено ниво на почит. Почитувајте ги туѓите потреби, но имајте ги предвид и туѓите недостатоци.
Покрај ова, трудете се секогаш да бидете оптимист, одржувајте ја комуникацијата на позитивно ниво и не жалете се премногу за мали работи кои може да ви ги нарушат односите на подолг рок.
Избегнувајте озборувања и фокусирајте се на она што и на двете страни ви нуди задоволство.
Исто така, дајте им до знаење на вашите колеги дека сте достапни за помош. Не изолирајте се постојано од другите, бидејќи на некој начин со тоа може да им дадете до знаење дека не сте присутни за нив кога им сте потребни.
Уште еден начин на кој може да им покажете на вашите колеги дека сте пријателски расположени е да го искористите со нив времето за пауза.
На пример, наместо да јадете на вашето биро, искористете го тоа време да појадувате заедно во кујната или пак ако имате ресторан во близина, поканете ги колегите на заеднички оброк или кафе.
Секако, вие самите ќе ја процените работната атмосфера и вашите колеги и ќе се приспособите на тој ритам. Важно е да бидете свои, позитивни и отворени за нови искуства.
М. Ѓ | Црнобело / фото: freepik.com