Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“?
Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжително одвојувајте време само за себе - Како да не „прегорите“ ако сте мајка која работи?
Да се најде баланс помеѓу мајчинството и градењето кариера е вистински предизвик. Всушност, мајката треба да биде емотивно достапна за сите во семејството, а оние мајки кои работат полно работно време, немаат време да се грижат за себе и за својата психа. A, ова е веројатно најголемата борба со која се соочуваат вработените мајки.
Она што е клучно е да се најде барем некаков баланс, бидејќи во спротивно ќе се појави чувство на вина, а потоа и стрес кој со себе носи многу негативности.
Совети кои ќе ви помогнат да ги балансирате улогите на мајка и жена со кариера:
Не чувствувајте вина
Наместо да се обвинувате себеси затоа што не поминувате голем дел од денот со вашето дете, фокусирајте се на фактот дека семејството има корист од тоа што вие работите.
Вашата работа е важна и ви гарантира дека на децата ќе им овозможите квалитетен живот и дека ќе го добијат она што им е потребно.
Исто така, со тоа ќе им бидете пример на децата дека во животот е важно да се работи.
Фокусирајте се на вашата задача
Кога сте на работа, важно е да се фокусирате на работата, кога сте дома, важно е да сте фокусирани на семејството.
Ќе има моменти кога и двете ќе ви се измешаат, но давањето приоритет на местото каде што сте ќе ви овозможи да бидете успешни и во двата аспекти од вашиот живот.
Најдете некој кој ќе се грижи за децата
Многу е важно да најдете некој да се грижи за децата, но тоа да биде личност на која целосно можете да ѝ верувате.
Ако знаете дека децата се безбедни, сигурни и го имаат потребниот и саканиот третман, тогаш нема да бидете загрижени додека сте на работа, па ќе можете целосно да им се посветите на професионалните обврски.