„Мислев свекрвата е невеста“ - мајка на младоженец стана мета на онлајн критики
Од танцување во цврста прегратка со синот до избор на фустан што личи на венчаница, свекрва стана мета на остри коментари.
На Reddit осамнаа фотки од невеста која доживеала непријатна сцена на нејзиниот свадбен ден.
Мајката на нејзиниот иден сопруг се облекла во бел фустан од тантела, a покрај тоа дури и танцувала со него и го прегрнувала од зад грб.
Фотките од оваа сцена поттикнаа лавина од коментари.
„Морничаво е колку мајката и синот танцуваат збиени еден до друг“, „Свекрва во бел проѕирен фустан од тантела – гласам ПРОТИВ“, „Ова дефинитивно е непријатна прегратка“, „Помислив дека младоженците танцуваат и дури потоа сфатив дека девојката што гледа отстрана е невестата“, беа дел од коментарите за сцената.
Фотки од свадбениот ден:
Прочитајте и „Сакаш да бидеш невеста?“ - свекрвата се обидела да ја засени невестата на свадбата на синот!
С. С. | Црнобело