Црногорка со неверојатната трансформација по бременоста: „Децата не се изговор за да не вежбате“
„Луѓето ми велеа дека тешко ќе се вратам во форма и да се откажам од она што ме прави да се чувствувам исполнето како жена, само затоа што станав мајка“ – вели инфлуенсерката Јанја Милутиновиќ со црногорско потекло која стана хит поради неверојатната трансформација по втората бременост.
Јанја Милутиновиќ е инфлуенсерка со црногорско потекло која пораснала во Шведска со самохран татко.
Од 10 години почнала да вежба карате, а на 15 години ја земала шампионската титула на The Open World Cup.
Во 2008-ма година Јанја ја напушта Европа и се сели во Њујорк каде живееше до неодамна, пред да одлучат со сопругот и двете деца да се преселат во Црна Гора во јули 2022.
Самата признава дека првите 6 години како имигрант во САД биле мошне тешки затоа што била жртва на екстремно семејно насилство.
Денес таа е една од најпрепознатливите фитнес инфлуенсерки во САД, а работи како личен тренер.
Во последниот период особено привлече внимание затоа што вежбаше за време на целата бременост, а и со својата неверојатна трансформација, само неколку месеци по второто породување.
Таа објави видео до кое даде подолг опис за напорната работа и трудот што го посветила на себеси.
„Луѓето ми велеа дека по втората бременост потешко ќе се вратам во форма. Дека колку сум повозрасна ќе биде потешко. Ми велеа дека нема да бидам толку силна и физички подготвена како претходно и дека со две деца нема да најдам време, енергија или мотивација да бидам истрајна со режимот за вежбање и диетата.
Велеа дека најдоброто нешто што можам да го направам е да не се разочарувам и да се подготвам да се жртвувам. Ми велеа да се откажам од она што ме прави да се чувствувам добро среќно и исполнето како жена, само затоа што станав мајка. Дали беа во право? Дали беше потешко: Секако! Но, дали тоа ме спречи?
Не. Не ги користев децата како изговор за да не вежбам. Тие ми беа главна причина да останам здрава, силна, физички подготвена, среќна и посмирена“ – вели таа.
На својот Инстаграм профил Јанја редовно објавува фотографии од своите трансформации.
Погледнете дел од нив:
Б. С. Б. | Црнобело