5 забавни TikTok предизвици што ќе ве натераат да вежбате
Гледањето разни видеа со предизвици на TikTok е одлично за „губење време“ кога сакате да се опуштите, но правењето на предизвиците е многу позабавно.
Ако одамна планирате да почнете со вежбање, но никако да се натерате, можеби токму TikTok ќе ви помогне да се активирате.
Во продолжение погледнете неколку забавни TikTok предизвици со вежбање кои вреди да ги пробате:
#BoxChallenge
Резултатот изгледа одлично, но за овој предизвик ќе ви треба малку сила. Целта е да застанете во положба со која ќе формирате квадрат, односно кутија, па оттаму и името.
@allisonholkerboss Couple workout ##boxchallenge ##thebosshouse ##homeworkout @twitchtok7
♬ Lose Control - Meduza
#Speed
Ако немате лента за трчање, пробајте го овој предизвик. Целта е да трчате во место додека слушате музика која забрзува, а притоа треба да го следите нејзиниот ритам. Изгледа доста забавно кога темпото многу ќе забрза.
@livinthelopezlife
-->♬ Muhammad - nofiljutt53
#PlankChallenge
Ова е одлична вежба што можете да ја пробате со партнерот или некој од домашните. Може ќе ви требаат неколку обиди за да се синхронизирате, но крајниот резултат е навистина интересен.
@happy.ohana Compensando el no haber ido hoy al gym ?? 40 minutos después... ?? ##PlankChallenge ##Gym ##couples ##coupleschallenge ##foryou ##fyp ##parati ##viral
-->♬ #PlankChallenge - chisa2122
#LevelUp
Има вежба и за вашите миленици!
Направете преграда со еден ред тоалетна хартија, која миленичето треба да ја прескокне. Потоа додавајте уште по еден ред тоалетна, сè додека миленичето повеќе не може да ја прескокне преградата.
@milperthuskyofficial This was so fun??. ##foryou ##dog ##houseoftiktok ##levelup ##cuteanimals ##cutedogs ##puppy ##husky ##huskies ##huskylife
♬ Level Up - Ciara
#DragonFlagChallenge (за поискусни)
За овој предизвик дефинитивно ви треба кондиција. Станува збор за вежба која ги активира сите стомачни мускули.
@sarah.annne New fitness challenge losers ✨?? ##dragonflagchallenge ##fitnesschallenge ##fitness ##foryou ##fyp ##duetit ##BestThingSince ##full180 ##signingday
♬ Sail - AWOLNATION
Спирова С. | Црнобело