Колку време е потребно за да ги забележите првите резултати од вежбањето?

Дали е најважна должината на тренингот, или има нешто и во квалитетот? Всушност, постои „тајна врска“ помеѓу вежбањето и „тајмингот“. 

kolku-vreme-e-potrebno-za-da-gi-zabelezhite-prvite-rezultati-od-vezhbanjeto-01.jpg 

Веројатно се имате запрашано и дали е поважна исхраната или фитнесот.

Дознајте нешто повеќе во продолжение за факторите кои се клучни за да добиете резултати во слабеењето:

Континуитет

Континуитетот секогаш дава резултати. Ако нешто правите често и доволно долго, а притоа најдете начин да ја засакате и да уживате во активноста, резултатите сигурно ќе дојдат и ќе ве мотивираат за уште поголема посветеност.

kolku-vreme-e-potrebno-za-da-gi-zabelezhite-prvite-rezultati-od-vezhbanjeto-003.jpg

Квалитет

Не секогаш е важно времетраењето на тренингот. Многу поважно е што правите во тој период. Секој треба да има план, прилагоден на својата физичка подготвеност, но и да работи постепено.

Почетникот можеби ќе тренира 3 пати неделно по 45 минути, додека поискусните можат да вежбаат и 6 пати неделно, по час и половина.

 kolku-vreme-e-potrebno-za-da-gi-zabelezhite-prvite-rezultati-od-vezhbanjeto-02.jpg

Резултати

Доколку строго се придржувате до одреден план за вежбање и исхрана, првите резултати ќе ги забележите за два месеци. По три месеци и другите ќе почнат да ја забележуваат промената во физичкиот изглед.

kolku-vreme-e-potrebno-za-da-gi-zabelezhite-prvite-rezultati-od-vezhbanjeto-002.jpg 

Исхрана

Што е поважно, вежбањето или исхраната? Изгледа дека овие две нешта не можат да се разделат. Постојат луѓе кои никогаш не вежбале и кои не внимавале на исхраната, а кога ќе почнат само да вежбаат, сигурно ќе постигнат и некој резултат.

Но по некое време ќе дојде и до фаза на стагнација. Ова е моментот кога ќе треба да се променат и навиките во исхраната. Дури тогаш телото почнува да се менува на подобро.

kolku-vreme-e-potrebno-za-da-gi-zabelezhite-prvite-rezultati-od-vezhbanjeto-03.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 лесни и ефикасни вежби за жени за кои не ви треба опрема (и може да ги правите секаде) Овие вежби се идеални, бидејќи може да ги правите во кое било време. За нив не в...
Вежби кои треба да ги избегнувате по 40-тата година (и зошто) Како што старееме, подвижноста на нашите зглобови се намалува, а и нашето тело н...
5 лесни вежби за жени над 50 години (а може да ги прават сите) Колку често имате денови кога сте изморени и од работа едвај чекате да се вратит...
4 лесни вежби за стомак, задник и нозе Со едно обично столче и малку добра волја, можете да правите едноставни вежби и ...
8 вежби што сигурно ги правите погрешно во теретана Дали кога кревате тег на клупа имате навика да го искривувате грбот? Тогаш можеб...
4 вежби за затегнати раце со тегови - Можете да ги правите и дома Четири вежби кои може да ги правите и во вашата дневна соба, а ќе ви помогнат да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg