Топ 9 начини како малку да ја зголемите вашата висина
Дали понекогаш се нервирате дека ви фали некој сантиметар во висината? Ако е така, ова е решението!
Многу луѓе не се задоволни од својата висина и копнеат да бидат барем малку повисоки.
Некои научници тврдат дека висината не е базирана само на генетиката и дека со помош на некои постапки можете да ја зголемите:
Правилна исхрана
Исхраната полна со здрави материи, како калциум и витамин Д, ќе му помогне на вашето тело да расте. Калциумот го помага растот на коските, а витаминот Д ги стимулира и коските и мускулите.
Млеко, месо, зеленчук, јаткасти плодови, овошје се дел од работите што треба да ги имате на вашето мени.
Шетајте надвор на сончеви денови
Добивате дополнителна доза на витамин Д од сончевите зраци. Затоа излезете надвор и прошетајте секогаш кога е убаво времето.
Вежбајте
Со спортувањето ќе станете барем некој сантиметар повисоки. Вежбите за растегнување го издолжуваат малку вашиот ‘рбет, нозе и телото целокупно.
Подобрете го држењето
Многу луѓе се згрбавуваат, особено ако седат 8 часа на ден. Таа поза ви го искривува ‘рбетот и ви одзема по некој сантиметар. Држете го телото исправено.