Реалноста зад Инстаграм фотките: „Ниту еден задник не изгледа толку заоблено од секој агол“
Додека згодните модели и заоблени задници го окупираат Инстаграм, оваа блогерка се обидува да му покаже на светот дека не треба да верувате во сѐ што ќе видите на социјалните мрежи.
20-годишната Сара, споделува фотографии една до друга, кои покажуваат колку е важен и колку може да промени аголот од кој се слика или вовлекувањето на стомачето.
Во нејзините фотографии дури и нема да ви се верува дека се работи за истиот човек и истото тело.
„Ниту еден задник не изгледа толку заоблено од секој агол“ – пишува таа.
Блогерката се обидува да му објасни на светот дека убавината започнува со само-сакањето и сите тие совршени фит фотографии кои ги гледаме онлајн не се вистинска дефиниција за убавина.
Уверете се дека не е сè така како што ни го прикажуваат:
М. М. | Црнобело