Мажи кои драстично ослабеле и сега се дефиниција за машка холивудска убавина
Ели Сафарти – изгубил 53 килограми
Во 2008-ма година Ели тежел 135 килограми и се чувствувал ужасно физички и ментално. Неговиот брак дошол до самиот крај заради неговиот нездрав начин на живот. Му требале 4 години за да се доведе во ред. Денес е во топ форма и тежи 84 килограми.
Рик Сноудон – изгубил 81 килограм
Рик бил зависен од шеќер и во тоа време тежел 165 килограми. Кога научил да свири гитара, неговата опсесија по слатки ја заменил со опсесија по музика. Во комбинација со контролирана исхрана, ја преполовил тежината.
Натан Пристли – изгубил 76 килограми
18-годишниот Натан имал ментални проблеми и заради тоа пател од прекумерна тежина. Не сакал да го напушти домот и дури имал обид за самоубиство. 2 години подоцна, благодарение на неговата упорност и посветеност, Натан се довел во форма и денес работи како фитнес инструктор.
Паскал Броко – изгубил 135 килограми
31-годишниот Паскал Броко одлучил да го промени својот живот во рок од 1 час. Буквално преку ноќ се посветил на напорни тренинзи, долги прошетки и здрава исхрана со зеленчук и овошје. 3 години подоцна изгубил цели 135 килограми. Сега е професионален бодибилдер.
М. Д. | Црнобело