Мажи кои драстично ослабеле и сега се дефиниција за машка холивудска убавина
Не е тајна дека вишокот масти и килограми ни го нарушува здравјето, но честопати остава и негативен прв впечаток.
Овие мажи биле изморени од негативните коментари на сметка на нивната тежина и нивниот изглед, па решиле малку понапорно да работат на себе.
Ова се резултатите:
Марк Лудлоу – изгубил 60 килограми
Долго време сите го задевале заради неговата тежина, додека тој се борел со анксиозност и депресија. За 2 години работите се промениле на подобро, ослабел 60 килограми и сега работи како личен фитнес тренер.
Ноа Кингри – изгубил 86 килограми
29-годишното момче дури се обидело и да си го одземе животот заради постојаната борба со килограмите и неуспехот. Но, кога престанал да пие алкохол и се претворил во фитнес фанатик, Ноа изгубил 86 килограми за 18 месеци.
Луиз Триго – изгубил 104 килограми
Во 2011-та Луиз бил во многу лоша состојба, тежел 180 килограми, ја изгубил работата, а потоа и девојката. Докторите го предупредиле дека ако не го промени начинот на живот, може да биде опасно по неговиот живот. По 6 години опоравување, денес Луиз има здрава килажа, нова партнерка и работа која ја сака. Работи како личен тренер и им помага на луѓе кои ја имаат истата битка како него.
Рос Гарднер – изгубил 88 килограми
Во моментот кога сфатил дека му требаат две карти за две места во авион, само за него, решил да ги промени навиките. Денес е во топ форма и им помага на луѓето да се ослободат од вишокот килограми.