60-секундни трикови кои ќе ви помогнат да ослабете
Сè уште трагате по добитната формула за намалување на килограмите? Постојат неколку умствени трикови и ритуали кои ќе ви помогнат за таа намена, и тоа за помалку од 1 минута!
Првиот и веројатно најголемиот трик ги вклучува аромите. Според американските истражувања, мирисањето на одредени прехрамбени продукти, како што се јаболката, нането и крушките, ги оттргнува луѓето од прекумерно јадење.
Не е првпат да се зборува за аромите како сојузник во борбата со килограмите. Во 2013-тата година, на пазарот беше претставен и „Парфемот за слабеење“, на база на билки и свеж цитрус, за кои исто се смета дека помагаат во намалувањето на килограмите.
Уште еден лесен, но и по малку необичен ритуал, гасење на светлото пред легнување. Според резултатите од друго направено истражување, луѓето кои спијат во потполна темница, дури и без светлина од електронските уреди и часовниците, имаат подобар метаболизам од оние кои ги оставаат светлата запалени.
Понатаму, постојат два трика кои се веќе популарни, а делотворни за намалување на тежината, како што се пиењето вода и јадењето на здрави масти. Пиењето на доволно количество вода значи дека нема да подлегнете на „лажното“ чувство за глад и да посегнете по храна тогаш кога за тоа немате реална потреба.
Kонсумирањето јаткасти плодови, пак, ќе ве држи сити подолго време, а помала е и веројатноста да ви се пријаде нешто слатко во текот на денот.
Последниот „трик“ вели следно: плаќајте за храната само со броени пари и во готовина. На тој начин, нема да бидете во можност да си купите прекумерни количества на храна, а следствено на тоа, и да се прејадете.
М. А. | Црнобело