Како да не се здебелите во текот на зимата?
Без разлика дали станува збор за трчање на кеј или во парк, вежбањето на отворено е секогаш позабавно од она кое мора да го практикувате внатре, во текот на студената сезона.
Но, тоа не мора да е секогаш така.
Постојат забавни начини на кои можете да вежбате и да се одржувате во форма:
1. Пробајте јога
Нема подобар начин како да го завршите напорниот ден и да се ослободите од стресот.
2. Одете на лизгање
Сега е совршено време да си купите карта за лизгалиште и да уживате на мразот, плус ќе согорувате доволно калории за да се одржите во форма.
3. Танцувајте
Не мора само во некој танцов клуб, може и дома каде ќе бидете комплетно слободни да правите што сакате и посакате.
4. Пливајте
Звучи чудно на студеното време? Базенот работи и во зима, а водата вообичаено е топла, а пливањето е една од најдобрите кардио вежби за согорување на многу масти.
5. Претворете ги домашните обврски во игра
Така не само што ќе ви биде чист домот, туку и вие ќе бидете во форма.
Н. Г. | Црнобело