Спорт во пар - 10 активности кои треба да ги практикувате заедно со партнерот
Заедничкото вежбање во пар не само што е здраво и ве прави витки, туку ви помага и да ја зацврстите врската и да станете поблиски со партнерот.
Неколку спортови кои можете да ги вежбате заедно со партнерот:
1. Тенис или бадмингтон
Одлична кардио вежба која ќе ги активира сите мускули во вашето тело, а можете да ја играте и во парови.
2. Возење велосипед
Немате потреба од одреден специјален физички тренинг, а ќе ги развивате мускулите на нозете и секако ќе си ја подобрите издржливоста.
3. Танцување
Салса и бачата за најстрасните двојки. Деликатните движења ќе ја разбудат сензуалноста и ќе ве одржуваат во форма.
4. Качување по карпи
Вака ќе ја развиете вашата флексибилност, заедно ќе се координирате и ќе ги развивате мускулите на телото.
5. Јога
Јогата ќе ви помогне заедно да станете пофлексибилни, да добиете сила во мускулите и да го доведете умот во баланс.
6. Трчање
Купете си квалитетни патики за трчање и отидете на кеј, после напорното вежбање и двајцата ќе бидете горди на себе.
7. Капуера
Ако сакате малку поагресивно вежбање обидете се да тренирте Капуера - бразилска боречка вештина која има и елементи на танц и аеробик.
8. Боксување
Заеднички можете да си ја тестирате силата, да ги развивате мускулите и да се мотивирате да станете подобри.
9. Одбојка
Одлична опција за оние кои имаат заборавено на овој спорт кој најмногу го практикувавме на училиште.
10. Пливање
Пливањето е одличен спорт со кој ќе согорувате многу калории и многу брзо ќе го доведете телото во одлична форма.
Н. Г. | Црнобело